Топ Новости

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Среда, 21 Август 2019

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на терен се изведуваат градежни работи за изградба, санација и рехабилитација на 420 километри патна мрежа низ државата.
Во екот на градежната сезона од ресорот на Министерството за транспорт и врски е и изградбата на патот од Смоквица кон Прдејци и регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка кој треба целосно да биде готов до март-април следната година поради проширување на трасата во должина од 11 километри на релација Гевгелија-Богданци. Вредноста на обиколницата чини 5,9 милиони денари а на патот кон Гевгелија 17,7 милиони денари. Средствата ќе бидат обезбедени од ЈП „Државни патишта“.

- „Со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалниците на Гевгелија и Богданци денеска направивме обиколка на инфраструктурните проекти што се работат во овој регион. Патот од Богданци кон Фурка и патот од Смоквица до Прдејци се работат со полн интензитет. Граѓаните конечно добиваат квалитетна патна инфраструктура која била заборавена со години. Дополнителни ќе реконструираме уште неколку патишта во периодов што следи така да целосно ќе ги обновиме патиштата во југот на државата“ изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше во посета на овие градежни локации.

Работите на патот Р 1103 делница Смоквица-Прдејци се одвиваат со забрзена динамика и се во завршна фаза, констатира градоначалникот Поцков од увидот заедно со министерот Сугаревски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Инаку, ресорот транспорт досега реализирал 45 отсто капитални инвестиции. Летната градежна сезона е во полн ек. Моментално се работи на изградба и реконструкција на многу патишта ширум земјава, а градежните работи продолжуваат во полн ек на изведба.

 

Last modified on Среда, 21 Август 2019 - 18:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.