Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Се асфалтира последниот километар од патот Негоци-Серменин

Четврток, 22 Август 2019

Патот долг 27 километри од Негорци до планинското село Серменин на Кожуф планина годинава треба да биде завршен.

Со средства од осум милиони денари (поточно 8.037.618 денари, или околу 130.700 евра) обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Општина Гевгелија од вчера започна со реализација, асфалтирање на последниот километар од овој локален пат. Средствата беа одобрени од државната Агенција од јуни годинава, но за старт на работите се чекаше завршување на тендерската постапка за избор на најповолен изведувач.

По претходно спроведена тендерска постапка за изведувач на работите е избрана фирмата „Еуроинг“ од Гевгелија која со својата механизација интензивно работи на терен.

Претходно, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на двапати на општина Гевгелија и одобри средства за изградба на овој локален пат. Него го користат сопствениците на викендички на ова село во висините на Кожуф, староседелците, членовите на ловечките друштва и љубителите на руралниот туризам.

Наместо конечна реализација минатата локална гарнитура го „цепкаше“ проектот на половинки, а подоцна и на четвртинки. На 13 февруари 2016 беше најавен „почеток на завршната фаза од доизградбата и санација на патот Негорци Серменин со финансиска поддршка од 18,9 милиони денари. Претходно беше најавена инвестиција за истиот пат со средства од 350.000 евра обезбедени од Владата преку кредитните линии на Европска инвестициона Банка и дополнително уште 7,4 милиони денари од Буџетот на општина Гевгелија.Очигледно дека со сите обезбедени а потрошени пари инвестицијата на терен не ја реализирале.

Пет години по оваа лажна објава граѓаните продолжија да возат по истрошениот асфалт и макадам до Серменин без да го имаат на располагање најавениот НЕизграден локален.

Пропагандните лаги да ги оставиме на страна. Со последниот грант всушност се обезбедува целосна реализација и оддржливост на овој проект кој започна од 7 јули 2012 и до ден денешен остана не довршен, а предвреме прикажан како „остварување“ на минатата власт (и на локално ниво, и централно).

- „Со завршувањето на оваа делница целосно ќе се комплетира изградбата на патот Негорци- Серменин, што пак значи исполнување на основните предуслови за развој на рурален туризам во овој дел од нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков при вчерашната посета на работите на терен на оваа последна делница останата за асфалтирање.

 

Last modified on Четврток, 22 Август 2019 - 20:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.