Топ Новости

Летна еколошка акција во Гевгелија

Сабота, 24 Август 2019

Во пресрет на почетокот на учебната година Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ организираа акција за чистење на просторот околу Основното училиште „Владо Кантарџиев“ и околните пристапни улици до училиштето.
На акцијата која се одржа денеска се приклучија и граѓани, претставници на локалната самоуправа и членови на планинарското друштво „Двете уши,“ и Ловечкото друштво „Орел“ од Гевгелија.

Се чистеше просторот од расфрланиот отпад, се метеа отпаднатите лисја долж просторот под зградите, се чистеа шахтите кои несовесно беа наполнети со отпад. Екипа на комуналното претпријатие со механизација вчера ги однесе на поправка елементите од конструкциите за детските лулашки и реквизитите за забава, а денеска, обновени, пристегнати, зацврстени повторно ги вратија на своето место да бидат радост за децата од овие станбени згради кои се нивни најчести посетители.

За пофалба е што на акцијата се приклучија и станари кои помогнаа во собирање на несоодветниот смет расфрлан по јавниот урбан простор околу зградите, со миење на скалите од влезот на истите. Најголеми пофалби и надеж дека акцијата ќе придонесе и за подигање на јавната свест кај жителите од околните улици и станбени згради е доброволното присуствои на мали дечиња кои се приклучија на акцијата и самостојно метеа, собираа отпад во кеси и придонесуваа за чиста средина околу своето живеалиште и секојдневен простор за игра.

Да го сочуваме урбаниот простор чист за нас и нашите најмлади со примерот на најмалите учесници од денешната еколошка акција.

 

 

Last modified on Сабота, 24 Август 2019 - 13:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав

Повеќе

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та

Повеќе

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.