Проценети 4,9 милиони денари штета од опожарената зграда во Гевгелија

Вторник, 27 Август 2019

Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди го изготви елаборатот за проценетата штета од опожарената зграда во Гевгелија во кој изгореа шест стана, а уште 11 беа оштетени. Елеборатот е доставен до Советот на општина Гевгелија на разгледување и усвојување и „тежи“ 4.938.630,- денари.
Од тоа 4.261.950,- денари се однесуваат на градежниот дел од 100% изгорените стана од поткровјто на зградата кои се на шестиот кат. Целосно изгорени и уништени се 298 метри квадратни станбена површина од шестиот кат, но цената на штетата во градежниот дел се однесува на четири стана чии сопственици се физички лица на станбена површина од 198 м2 која одговара на четири стана од шестиот кат. Цената за штетата на двата други стана од шестиот кат, каде сопственик е ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор не е вклучена во пресметаната штета во Елаборатот поради тоа што проценка за истата правел ЈП станбено самостојно, без соработка со Општинската комисија за проценка на штети.

Вредноста на штетата на градежниот дел изнесува 4.261.950,- денари кој е целосно уништен од пожарот (четири стана од шести кат каде сопственици се физички лица). Вредноста на оштетениот мебел и апаратите за домаќинство поради амортизација на истите е пресметана за 50% понискo од пазарната вредност и изнесува 168.000 денари за мебелот и 164.700 за апаратите за домаќинство.

За пријавите од 11 сопственици на станови од подолните катови на зградата (петтиот и други) каде во текот на интервенција за гаснење пожар била причинета материјална штета, проценките се следни: 92.820 денари за тавани и ѕидни површини, 109.560,- ден. за оштетени подни плочи, 90.800,- ден. за оштетена столарија (прозорци и врати), 10.800 ден. за оштетени ролетни и 40.000 денари за оштетен кровен покривач на деловен објект од зградата, или вкуоно 343.980,- денари за споредните оштетувања во текот на гаснењето на пожарот.

Работата на петточлениот состав на Општинската комисија за проценка на штети се одвиваше со увид на терен, и девет последователни состаноци за проценка на пријавената штета од вкупно 15 пријавители-станари од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ бр. 25 која ја задеси пожар на 30 јули во 11:20 часот.
Елаборатот ќе биде предмет на изјаснување на советниците од Советот на општина Гевгелија на следната седница закажана за четврток 29-ти август. По неговто усвојување треба да биде доставен до Второстепената комисија за штети од елементарни непогоди при Владата, за понатамошно утврдување на процентот на покривање на штетата од средствата на Буџетот на РСМ наменет за санација на штети од елементарни непогоди.


Last modified on Вторник, 27 Август 2019 - 15:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

Францускиот сенат гласаше „ДА“ за членство на Македонија во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за

Повеќе

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.