Советниците на СДСМ со предлог за донација од 400.000 денари за оштетените семејства од пожарот

Среда, 28 Август 2019

Десетте советници од редовите на СДСМ и коалиционите партнери доставија барање до претседателот на Советот на општина Гевгелија за одвојување буџетски средства за помош на семејствата чии домови целосно изгореа, а некои беа оштетени од големит пожар на станбената зграда од 30 јули годинава.
Во предлог одлуката која бараат да биде ставена на дневен ред на претстојната 30-та седница на Советот како дополнителна 37-ма од сега утврдените 36 точки на дневен ред, советниците бараат да се донесе ОДУКА за одобрување на финансиски средства од Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година во вредност од 400.000,- денари. Средствата ќе бидат одобрени од Програмата АО-Совет на општина Гевгелија, а ќе бидат упалатени директно на донаторската заедничка сметка на станарите од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ бој 25 Гевгелија.

Во барањето потпишано своерачно од 10-те членови на Советот на општината од СДСМ и коалиционите партнери се вели:
- „Со носење на оваа одлука се сака да се помогне на семејствата чии домови настрадаа во пожарот од 30.07.2019. Иако истите можеби не се дволни за целосно покривање на штетата која ја претрпеа семејствата на опожарената зграда, сепак сметаме дека овој хуман и солидарен гест и ние како Совет ќе придонесеме за побрзо санирање на штетите и намалување на болката која што ја претрпеа семејствата од опожарената зграда“, се вели во барањето адресирано до Претседателот на Советот со намера истото да стане составен дел од дневниот ред на 30-та седница како 37-ма точка на дневниот ред.

Во Одлуката која се предлага да биде донесена со мнозинство од страна на членовите на Советот се вели дека „Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на општината, од ставката наменета за трошоци за работењето на Советот на општината, од подставката 412110 - „Постојана резерва“ (непредвидени расходи), а ќе се преведат на денарската трансакциска сметка 270 - 7000516742 - 74 отворена во Халк Банка АД Скопје, со намена за донации за станбената заедница од „Ристо Чавдаров“ бр. 25 Гевгелија.

Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето. Советот ќе заседава на 30 август (петок), што значи позитивното изјаснување од советниците ќе донесе 400.000 денари на наменската сметка за донации на семејствата од опожарената зграда.

 

Last modified on Среда, 28 Август 2019 - 22:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

Францускиот сенат гласаше „ДА“ за членство на Македонија во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за

Повеќе

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.