Жерновски на маалска средба во Гевгелија

Четврток, 29 Август 2019

Заменик министерот за надворешни работи во Владата на РСМ Андреј Жерновски попладнево беше во посета на Гевгелија и оствари маалска средба со граѓаните од зградата на улица „Борис Кидриќ“ лоцирана веднаш до Железничката станица.
Ова зграда е првата влезна слика од меѓународната железничка трансферзала на патниците од Европа, од соседна Грција во нашата држава, но нејзината запуштена состојба не е одраз на интенциите на државата за влез во Европа. Нејзиниот статус како градба-станбена зграда не постои во имотниот лист, а фигурира како земјиште, иако ве неа живеат 20-на семејстава со близу 100-тина станари. Истата од декември 1990 година е прогласена за статички небезбедна градба за живеење.

Жителите од некогашната позната и угледна „царинска зграда“ се пожалија дека секој ден им е подарок од Бога. Живеат во статички небезбеден објект покрај Железничка пруга каде секое тресење е дополнителен ризик за статиката на објектот. Немаат лични карти и имотни листови бидејќи објектот имал свое долго патешествие - од имот на Царина на РМ, бил трансформиран во имот на Минитерството за труд и социјала, па во имот на Општина Гевгелија, до последниот статус, имот земјиште во сопственост на Министерството за транспорт и врски а без евидентирана зграда во Катастар.
- „Тоа ни' го отежнува евидентирањето на нашиот граѓански статус како жители на Гевгелија и нашиот станарски статус“ се пожалија станарите.
Дел од нив се социјални случаи, има семејства со малолетни деца, мал дел се вработени и за да можат да остваруваат права од работен однос извадиле Лични карти на адреса на свои роднини, братучеди... Веќе 29 години трае нивната правна голгота за станарско право, а друго решение немаат во животот освен да живеат во овие ѕидови кои на секој потрес од поминувањето на секој воз се тресат и крцкаат пукнатините останати од последниот земјотрес во Гевгелија од 1990 година.

Покрај поплаките станарите од зградата беа пријатно изненадени што после толку години од нивната животна голгота да живеат во живеалиште кое не знаат кога може да им се сруши на глава, прв пат ги посетува министер од Владата со можност нивните барања да бидат пренесени до највисоко ниво на власта, до конкретно надлежните институции за решавање на нивниот животен проблем.

Заменикот министер за надворешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски се заложи пред граѓаните на Гевгелија од старата „царинска зграда“, поради нерешениот правен и небезбеден станбен статус на градбата, дека ќе ги пренесе барањата на станарите од оваа зграда до Премиерот со цел за истата да биде иницирано и реализирано реално решение од страна на Владата на РСМ за изградба на нова социјална зграда. Во истата предимство за станарско користење ќе имаат томку жителите од старата „Царинска зграда“ покрај железничката пруга во Гевгелија.

Кон реализација на ова треба да се приклучи и Општина Гевгелија со одобрување на земјиште за градба и ослободување на инвеститорот од плаќање на комуналии.

На средбата со гевгеличани, заменик министерот Жерновски го придружуваа претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија Владислав Видимче и Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со претставници од локалниот Совет на општината.


Last modified on Четврток, 29 Август 2019 - 21:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

Францускиот сенат гласаше „ДА“ за членство на Македонија во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за

Повеќе

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.