Топ Новости

Гевгелискиот Совет ја изгласа одлуката за одобрување 400.000 денари за опожарената зграда

Петок, 30 Август 2019

Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови ја донесе одлуката за одвојување на наменски средства за помош во износ од 400.000 денари во корист на оштетените семејства од опожарената зграда на улица ,,Ристо Чавдаров" бр.25 од Гевгелија.

Предлог одлуката за одвојување на солидарна помош од локалниот Буџет на општината беше предлог на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, кои партиципираат во локалниот општински совет.

Сумата од 400.000 денари ќе биде одвоена од ставката Средства наменети за работа на Советот на општината, од подгрупата „Посебни намени". Тоа значи дека советниците од фондот на средства од локалниот Буџет самостојно одвојуваат за помош на своите сограѓани.

Одлуката беше донесена вечерва како последна 37-ма точка од дневниот ред од 30-тата Седница на Советот на Општина Гевгелија и стапува во сила веднаш.

Седницата заврши во 20 часот, а платниот промет ќе биде функционален дури во понеделник кога средствата ќе бидат уплатени на заедничката сметка на станарите од опожарената зграда од 30 јули во Гевгелија.

 

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.