Се реновираат и опремуваат детските градинки во Општина Гевгелија

Недела, 01 Септември 2019

Подобрувањето на условите за престој и работа во детските градински во Општина Гевгелија започна да се изведува од крајот на август.

Со проектот за реновирање и опремување опфатени се централната детска градинка во Гевгелија, градинките „Сончогледи“ и „Цветови“ исто во Гевгелија, како и детската градинка во Негорци. Во истите во тек е изведба на отстранување на старата столарија и замена на прозорците и вратите со нови кои се звучно и термоизолациони. Ова ќе биде изведено и во градинката во Негорци. Исто така, со проекот се планира комплетно реновирање на тоалетите за децата и просторот за хигиена (WC-школки, лавабоа, плочки, чешми, водоводна и одводна инсталација).

Набавена е и нова постелнина и детски креветчиња за сите детски градинки во Општината, како и за јаслените групи во „Цветови“ и Негорци. За вработените набавени се обувки за работа. Сите градинки по реновирањето во просторот ќе добијат нови маси и столчиња за дневните активности на децата.

По изведбата на работите за замена на столаријата, следна фаза на изведба е замена на подот во градинките и белење (прскање, фарбање...) на зидовите во градинките.

Новата сезона на работа во детските установи за згружување ќе биде во нов амбент и со нова опрема наменета за подобрување на дејноста на вработените за задоволување на потребите за квалитетно згрижување на најмладите членови на нашата заедница.

 

Last modified on Недела, 01 Септември 2019 - 21:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

Тајфун ја опустоши Јапонија - 40 настрадани, 20 реки се излеале за само 2 дена

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека

Повеќе

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.