Топ Новости

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со настава од утре

Понеделник, 02 Септември 2019

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни училишта во Миравци и Негорци. Најавите за одбивање на наставниот процес поради штрајк на членовите на СОНК не предизвика верижна реакција кај сите училишта во Општина Гевгелија. Во ООУ„Ристо Шуклев“ во Негорци и во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци првооделенците беа пречекани со традиционалните приредби за добредојде што им ги организираа постарите ученици.
За разлика од нив, во основните училишта во Гевгелија беа известени преку социјалните мрежи дека училишниот процес ќе започне на 3-ти септември во пресрет на активните барања на наставниците членови на Синдикатот да се одржи предупредувачки штрајк со барање за зголемување на платите во образоването.

Мелкуте ученици кои не го прочитале известувањето и малкуте родители кои дојдоа денеска со своите деца-ученици во кругот на школските дворови претставниците на Синдикатот на СОНК ги известија дека со настава официјално започнуваат утре.

Утре школското ѕвоно за прв пат ќе ги повика во училница околу 170-те првачиња од ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Владо Кантарџиев“ и во подрачните училишта во населените места во состав на општинските основни училишта. Добредојде ќе им посакат со пригодна претстава, песни, игри, рецитации ученици од 3-те и 4-те одделенија. Честитки за првиот школски ден и пријатен престој во училиштето и многу стекнати нови знаења и другарчиња најавено е дека ќе им посака и градоначалникот на Општина Гевгелија, во 9:00 часот во ООУ „Крсте Мисирков“ и во 10:00 часот во ООУ „Владо Кантарџиев“.

Утринава на првиот училишен ден пристигнаа и сите ученици запишани во новата учебна година 2019/2020 во СОУ „Јосиф Јосифовски“, дури и тие кои имаат запишано прва година. Од страна на претставници на Синдикатот известени беа дека официјален почеток на наставниот процес започнува од утре 3-ти септември.
Во средното општинско училиште за прв пат годинава наставата ќе се одвива во една смена, за сите запишани ученици од сите смерови и возрасни години, благодарение на навреме завршената изградбата и уредувањето на новите 21 училници кои се дел од комплексот на градби на Средношколскиот училишен центар.


Last modified on Понеделник, 02 Септември 2019 - 17:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.