Среќно првачиња!

Вторник, 03 Септември 2019

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби по повод приемот на првачињата во училишните клупи.

Првото добредојде во свеот на знаењето и тетратките и многуте нови училишни другарства беше искажано утрово од директорот на ООУ „Крсте Мисирков“ Михаил Петров. Свечено добредојде на првачињата им посакаа учениците од поголемите класови со пригодна програма, музички точки и драматизации, а сето тоа со задоволство го следеа првачињата, нивните родители, и претставниците од локалната самоуправа - градоначалникот на општината и советникот за образование и култура.

Еден час подоцна со училишно ѕвоно се означи почетокот на школскиот ден на учениците и првачињата од ООУ „Владо Кантарџиев“.
Свечен прием на првачињата и официјален почеток на наставната година 2019/2020 денеска се одржа и во подрачните училишта кои работат во состав на општинските основни училишта.
Во новата учебна година во дравата се запишаа над 20.000 првачиња, а во општината Гевгелија нови 200.

Среќен почеток на учебната година за сите ученици, многу знаења, другарувања и вредна соработка со наставниците и нивните ментори во светот на освојување на нови знаења и искуства потребни за животот.


Last modified on Вторник, 03 Септември 2019 - 18:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

Тајфун ја опустоши Јапонија - 40 настрадани, 20 реки се излеале за само 2 дена

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека

Повеќе

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.