Топ Новости

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Четврток, 05 Септември 2019

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај за вториот пожар сезонава кај месноста Мамино. Истиот беше регистриран вчера во 14 часот, во близина на селото Грчиште и зафати ниско стеблеста шума во висините на Погана од страната на општина Валандово.
На помош на единиците на ТППЕ, Дирекцијата за заштита и спасување и Шумско стопанство од Валандово и Гевгелија вчера им пристигнаа и два канадери во сопственост на ДЗС кои со вода од Дојранското езеро го гаснеа пожарот на непристапните предели на Погана во месноста Мамино.
Со 14 прелети од 16 до 18 часот огнот беше локализиран без можност да загрози некој имот.

Изутрината од 6:00 часот на терен на опожареното подрачје се упатија екипи на Шумско стопанство Валандово (8-мина вработени), од ТППЕ Валандово (5 пожарникари и командирот на ТППЕ), петмина вработени од јавното комунално претпријатие од Валандово, од Дирекцијата за заштита и спасување (3-ца), со четири теренски возила и џип „Амарок“. Се работи на проверка на теренот, барање активни жаришта и нивна ликвидација.

- „Во пожарот кој беше пријавен вчера (среда) во 14 часот изгорена е ниско стеблеста шума со површина од 50 до 60 хектари. Конечниот извештај ќе биде готов по враќањето на екипите од терен денеска после 18:00 часот“, изјави за GevgelijaNET дежурниот пожарникар од ТППЕ Валандово, Светозар Кнежевиќ.

За локализацијата, а се' уште активниот и целосно не ликвидиран пожар кај Мамино вчера на социјалните мрежи известуваа и патници кои ја регистрираа глетката на опожареното подрачје од перспектива на автопатот „Пријателство“. Вака изгледаше синоќа северниот крак на Погана.




Last modified on Четврток, 05 Септември 2019 - 15:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.