Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи Јавна презентација со отварање на Јавна анкета за Деталниот урбанистички план за дел од блок 7 (поточно 7.5), а е на територијалниот простор на град Гевгелија.
ДУП-от опфаќа простор со површина од 6.09 xектари. Истиот, во планскиот опфат се простира:
- од јужната страна се движи по осовина на булевар Гевгелија,
- од источната страна се движи по осовина на сервисна улица,
- од северната страна се движи по осовина на улица „Деко Ковачев“,
- од западната страна се движи по осовина на улица „Западна 1“.
На презентацијата се покануваат граѓаните кои имаат станбени или деловни објекти на овој плански простор, како и правните заинтересирани субјекти, да се запознаат со содржините на планскиот документ и да се изјаснат преку јавната анкета која ќе биде отворена по презентацијата на ДУП-от за дел од блок 7 (7.5).
На презентацијата ќе се изведе стручно презентирање на планот од страна на фирмата планер со содржините на градежен и планиран опфат на 7.5.
По изведбата на презентацијата започнува 15 дневниот рок за изведување на јавна анкета во која заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења. Анкетните листови граѓаните можат да ги подигнат во одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при општина Гевгелија, или преку информацискиот систем е-урбанизам.
Пополнетиот анкетен лист со вашите предлози и сугестии, или мисења за содржината на планскиот опфат на ДУП се доставуваат до секторот за урбанизам при општина Гевгелија, секој работен ден од 08 до 16 часот. Рокот за поднесување на анкетните листови со предлог-мислењата од граѓаните и фирмите истекува на 25.09.2019 година.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и
Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од
Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои
Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека
Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија
Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна
„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани
Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари
Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и
Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија
Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за
ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци
За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,
Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“
Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското
Собранието против уставните судии за „воскреснување“ на амнестија од Иванов
Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на
Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во
Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред