Успешна еко акција во село Богородица

Сабота, 14 Септември 2019

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска беа предмет на еколошка акција во која учествуваа претставници од локалната самоуправа, работници на гевгелиски „Комуналец“ и граѓани.

Се чистеше просторот кај подрачното училиште „Гоце Делчев“, кај детската градинка „Малото штркче“, кај старото училиште на влезот од населбата.Освен отпадот, на удар на „чистачите“ беа и тревите и самоникнатите фиданки дрвја, грмушки. Беа натоварени повеќе приколки отпад и изнесени од страна на трактори ангажирани од ЈПКД „Комуналец“.На акцијата која ја иницираше Општина Гевгелија со јавното комунално претпријатие се придружија и поединци од населеното место.

Паѓа в очи просторот со отпад, шут и пластични и стаклени шишиња, дури и капачиња од пијалоци кои ги нема веќе на пазарот (изјава на еко активист), значи ѓубриште кое со години „седи“ во недоизградениот простор од подрачното училиште. Коритото на училишната чешма полно со отпадоци. За одржување на чистотата на училишниот двор треба да се посвети континуирана грижа од надлежните во училиштето, а посебна грижа да се посвети кон подигање на за еко свеста на корисниците на училишниот простор - учениците, или несовесните ноќни посетители.

Акцијата е посветена на заложбите за чиста Гевгелија, а Гевгелија е секое населено место и простор од нашата општина. Чиста Богородица треба да биде заложба и на самите жители на оваа заедница.

Акцијата е организирана во пресрет на празникот мала Богородица, кога жителите на Богородица го слават својот истоимен патрон и селски панаѓур, што се слави секоја година. Годинава тоа е на 20 и 21 септември. До тогаш освен денешната еко акција, од страна на „Комуналец“ продолжуваат акции за чистење на јавните простори, низ населбата, миење на улиците и слично.

За почиста Гевгелија продолжува на некое друго место во иднина, а дотогаш жителите на Гевгелија треба да покажат секојдневна грижа за одржување на јавната чистота на заедничкиот простор околу нас.

Last modified on Сабота, 14 Септември 2019 - 14:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.