Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Вторник, 17 Септември 2019

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички педагог, основач на пеачката група „Распеани Гевгеличани“, активен во пензионерската пејачка група на Здружението на пензионери во Гевгелија, Александар Попов.

Го знаевме како „даскалот по музика“. На одење на работа каде го помина својот долгогодишен работен век, Основното чилиште „Крсте Мисирков“ во Гевгелија доаѓаше свирејќи со усни. Го тренираше тактот на музиката, или песната која тој ден му ја обзела душата со милина. Насмевнат секогаш, мек кон своите ученици, со душа полна песна и звуци за милина.
Во ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија беше основач на трогласниот мешан училишен хор, со кој освојуваше години и години по ред награди на натпреварите на училишни хорови. Тоа не му беше доволно. Формираше оркестар од ученици од различни возрасни групи, со хармоника, гитари, мандолини. Услов беше ученикот да е музикален и добар слухист, не мораше да поседува свој приватен инструмент. Тој ќе му најдеше инструмент, ќе му покажеше две три ноти, неколку такта, некоја мелодија и ... меракот да се направи нешто со дирките и жиците, а другите деца немаат инструмент, те тера да научиш повеќе и повеќе. После оркестарот со хорот беше редовен учесник на училишните манифестации по повод патрониот празник на училиштето, Денот на просветителите, Денот на ослободувањето на Гевгелија, одбележувањето на државните празници. Беше чест за учениците да бидат заедно со својот професор на бината, да ја изведуваат празничната програма.

Музичкиот талент на овој неуморен креативец од нашата средина не застана тука. Во 1973 година е основач на Ансамблот „Распеани Гевгеличани“ составен од возрасни членови, мажи и жени, добри на грло, и оркестар на народни инстрменти. Толку беа професионални во својата работа со песна да ја промовираат Гевгелија што основачот и водач на ансамблот Александара Попов стаса до МРТ и во продукција на Македонската Радио Телевизија снимена е лонг плеј плоча со неколку народни песни од Гевгелија и гевгелиско. По винилот, следуваше снимање на документарен филм за Гевгелиската народна песнопејна традиција со пејачката група и оркестарот на „Распеани Гевгеличани“. Беа снимени 21 епизода во режија на Благоја Андреев, овековекувајќи ги тогашните најпознати локации на старомалската Гевгелија, во двор од познати гевгелиски конаци, низ улиците на Гевгелија, на Вардарски рид, а за спомен стои корицата на Лонг плејката со фотографија на 40-члениот состав на ансамблот пред зградата на Градската библиотека.


Креативноста не застана тука. Компонираше, и со текст, музика и аранжман ја создаде познатата гевгелиска понова химна, песна за Гевгелија, наречена „Гевгелија, цветна градина“.

И пензионирањето, и одалечувањето од наставната дејност не го оневозможија својата љубов кон музиката да им ја пренесува и на други, ако со неа најдат задоволство, среќа, пријателство и многу часови на седенки со песна. Како пензионер ја формираше пејачката група на гевгелиските пензионери со кои настапуваа на пензионерски смотри низ државата.

Но главната љубов, неговото авторско дело, креирањето на ансамблот „Распеани Гевгеличани“ не остави да замре. Тој старееше, а старееја и животно го нашуштаа некои од членовите, но Александар секогаш наоѓаше нови пејачки „регрути“. Учествуваа на „Охридски староградски средби“, на „Илинденски денови“, "Фестивал на староградски песни и серенади“ во Струмица, на гевгелиската „Смоквијада“, на манифестацијата „Распеана чаршија“... Почнаа да учествуват на меѓународни фестивали од каде минатата година се вратија со прва награда. Лани, на 4 септември, во Бугарија, учествувајќи на дванаесеттиот меѓународен фестивал на шлагер и староградска песна „Пеј срце“ што се одржа во градот Ќустендил, во конкуренција на околу 1.000 исполнители, „Распеани Гевгеличани“ го освоија првото место во категоријата на групи над 10 членови.

Го сретнав професорот после некој месец на улица. Му честитав на наградата. „Ееее“, се израдува. „Од каде знаеш“. Му одговорив: „Јас ја напишав веста за Вашиот успех професоре“ (му ја величев образовната функција со титулата професор иако цел живот беше даскал по музичко образование во основно училиште, а после наставник, како што се нарекуваа подоцна). - „Еми убаво од тебе. Браво“, остана озарен во насмевката мојот професор. „Ами и во весници излезе“, праша.
- „Па весниците ја споделија мојата вест од ГевгелијаНЕТ за Вашата награда во Бугарија. Сите ја препознаа веста за извонредно достигнување, само општината не препозна да Ве финансира од општинскиот буџет како гевгелиска културна вредност од нашиот крај во Општинската програма за култура“ му појаснив. - „Даа. Така е. Не ни' дадоа никаква поддршка. Ама, се снајдовме за пари, и со награда се вративме“, одговори тој.
- „Така е професоре. На неправдата со успех најдобро се одговара“ го утешив.

И, за компонирањето - остана засекогаш дар за Гевгелија неговата песна „Песна за Гевгелија“, а ние си ја знаеме по рефренот „Гевгелија, цветна градина“.

Почивај во мир ДАСКАЛЕ! Диригирај и пеј им на ангелите. Сега ќе го имаш најбелиот и најброен хор. Многумина има таму кои со пиетет ќе те пречекаат во царството на светлината и вечниот спокој. Ние денеска те споменуваме, утре ќе те испратиме.
НЕКА ТИ Е ВЕЧНА СЛАВА !!!

Последниот поздрав ти го испраќаме со песната за твојата Гевгелија.




Last modified on Среда, 18 Септември 2019 - 00:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.