Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Богданчани со донации за детската градинка

Четврток, 26 Септември 2019

Детската градинка „Коста Поп Ристов-Делчев“ од Богданци вчера доби донација од топки за физички активности на децата кои се во редовен престој во градинката.
Донатор е богданчанецот Митко Мурџев кој вели дека ова се специјално изработени топки за физички активности на деца. Обложени се со квалитетна мека гума и имаат повеќе слоеви: 1. Внатрешна гума од бутил каучук 2. Слој од армиран најлон конец 3. Надворешна гума и 10 пластични маркери (чинии) за одбележување на терен.

Со овој потег донаторот вели дека сака да го поттикне развојот на децата и нивната активација преку физички вежби и воопшто развивањето на спортските навики кај децата.

Ова не е прва донација на богданчани за своите најмлади сограѓани. Минатата година Дејан Маџиров ги донираше сите собрани средства што ги доби од своите сограѓани за здравје и благодет, после фаќањето на крстот за големиот празник Водици. Средствата беа употребени за набавка и поставување на урбана опрема - катче за забава, во дворот на детската градинка.

Добар пример кој отсликува како жителите на една заедница вложуваат за подобрување на образовно-рекреативните и спортски навики на најмладите членови од нивната заеднца.


Last modified on Четврток, 26 Септември 2019 - 02:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.