Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

ЕВН 5 часа доцни со приклучокот на струја во Гевгелија

Недела, 29 Септември 2019

По два дена работа, сабота и недела на реконструкција и осовременување на електродистрибутивната мрежа во цела општина Гевгелија и населените места, вечерва до 22:40 часот во делови од градот, ЕВН се' уште не приклучила доток на електрична струја до потрошувачите.

Мрачни улици, во мрак потонати куќите и дворовите, само по некој фар од автомобил низ улиците. Ваква е состојбата во западниот дел од Гевгелија, цел реон 4 и 5 од градскиот стадион, по улицата „Маршал Тито“ до Касарната, продолжува по улицата „Моински пат“ се до Динќот и натаму стопанските комплекси „Јоријан“, Фармата, пекарата „Вит де Лукс“ и други. Струја немаат ниту домаќинствата од споредните улици кои се приклучуваат кон „Нов Булевар“ во населбата Караорман.

Дел од населението веќе е во потрага по свеќи за да ја поминат ноќта со минимална светлост за обавување на секојдневните функции во домот, без најава кога ЕВН ќе ја пушти во функција електричната мрежа кон сите останати потрошувачи.

Викендов 28 и 29 септември ЕВН КЕЦ Гевгелија најави реконструкција на електродистрибутивната мрежа на четири циклуси од по шест часови на вкупно 52 трансформатори, со што беше опфатена цела општина Гевгелија со сите населени места, дури и Смрдлива Вода и Ски центарот Кожуф, како и делови од општините Богданци и Дојран. Сите изведбени поправки беше најавено дека треба да завршат денеска (недела) до 18:00 часот. Кои се причините за застојот во електроснабдувањето не е јавено.

GevgelijaNET ја контактираше Трафостаницата во Гевгелија преку која се врши распоред на исклучувања и вклучувања во системот, во договор со ЕВН Скопје и трафостаницата во Валандово, но од таму не креваат телефон. За тоа дали ноќва се прават напори да биде пуштена струја до потрошувачите немаме одговор.

 

Last modified on Недела, 29 Септември 2019 - 23:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.