Сите оставки на гевгелиските советници

Понеделник, 30 Септември 2019

Составот на Советот на општината како локално самоуправно тело составено од членови на изборни листи од организатори на изборни кампањи, според изборните резултати и освоени места на кандидатските листи, во текот на својот мандат доживува промени.

Први на удар на ревидирањето на советничкиот состав се реакциите од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, според Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Овде доаѓа до израз Глава петта „Спречување корупција во вршење јавни овластувања“ и особено одредбите од член 44 од Законот кој се однесува на „забрана на вршење на други дејности“ на избрани и именувани лица во државни, или локални институции или органи на управување.

Така, се сеќаваме на оставката на советникот Тони Аврамов (СДСМ) од местото член на Совет на општина Гевгелија, за да ја задржи функцијата каде беше именуван - директор на градската бибиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, поради неспоивоста именуван функционер да врши улога и на советник кој одлучува за работењето на библиотеката која е под надлежност на локалната самоуправа. Аврамов се откажа од советничкото место, за да го задржи директорското место.

Втор случај е д-р Петар Кангов, советник во локалниот Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој како функционер именуван од Министерството за здравство на позицијата директор на ЈЗУ „Психијатриска Болница“ од Негоорци, се откажа од советничкото место во локалниот совет во служба на професијата, психијатријата, таму каде што е најпотребен на пациентите.

Трет случај е оставката на Борче Нечевски од советничката позиција, повторно од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која беше неспоива со именувањето на директорската функција во СОУ „Јосиф Јосифовски“ каде беше назначен од Градоначалникот на Општина Гевгелија, а за своето работење одговоараше пред основачот на образовата институција, а тоа е Советот на Општината. Неспоивоста на функцијата советник избран на локални избори на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ со именуваната функција директор, го принуди, по реакција на ДКСК да одбере да се задржи на професионалната функција, а да го напушти местото советник во локалниот гевгелиски Совет.

Четврта барана оставка за разрешница на судирот на интереси констатиран од страна на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси се однесува на Драги Хаџи-Николов, претседател на Советот на општина во минатиот состав. Тој во исто време додека беше претседател на Советот на Општина Гевгелија ја обавуваше и функцијата директор на градска библиотека во Гевгелија, што е неспоиво, бидејќи Советот на општината како основач на оваа библиотечна институција одлучува за нејзината работа, (што значи и Драги одлучуваше за самиот себе). Несоодветно и недоволно оправдување е дека тој можел да се иззема од гласањето по материјалите на Библиотеката кои се на одобрување пред Советот, кога со својата функција е во позиција да влијае на другите членови на Советот за нивно одобрување. Хаџи-Николов по укажувањето на ДКСК одлучи различно од останатите: ја задржа функцијат претседател на Советот на (избран од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ), а се откажа од директорското место во градската Библиотека. Работниот ангажман го продолжи на старото работно место - професор по уметност во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.

Новите оставки следуваа во најновиот состав на општинскиот Совет: На 28.12.2018 Советот на општина Гевгелија констатира престанок на мандат на Митко Алчинов (СДСМ) и Снежана Савиќ-Ташевски (Коалиционен партнер на СДСМ од Српската партија). Тие заминаа од советничките места во општинскиот Совет поради професионален ангажман кој е неспоив со извршувањето јавни работи.

На ред е седмата промена на советничките места во гевгелискиот Совет од функционирањето на локалната самоуправа по најавената оставка на актуелниот претседател на Советот Ташко Дојчинов. Тој доаѓа од редовите на СДСМ и доколку денеска Советот ја констатира неговата оставка местото советник во гевгелискиот Совет треба да биде пополнето со следниот кандидат од советничката листа на СДСМ и коалиционите партнери. Следен на листата е Ристо Ѓуров, како 13-ти по ред.

Но, Ристо Ѓуров е веќе и именувано лице - директор на Водостопанското претпријатие, Подрачна единица Гевгелија, а воедо обавува и управна функција во друго јавно претпријатие во општината, како член и заменик претседател во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија. Според член 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси Ѓуров не е во можност да биде функционер на државно претпријатие, член на управен орган на локално јавно претпријатие и сега да стане и член на Совет на општината. Тоа по овој закон е веднаш исклучиво (Сл. Весник бр.12. од 2019 година). Ако Ристо се откаже од директорската и управната функција ќе може да биде предложен од Советот на општината да го пополни испразнетото место за член во Гегевгелискиот Совет. Ако тоа не го сторил до сега, Советот треба да ја констатира позицијата за пополнување на советничкото место од страна на следниот кандидат, 14-ти по ред, а тоа е Петар Јанчев, од листата на СДСМ и коалиционите партнери.

Констатирањето на престанокот на мандатот на Дојчинов, верификацијата на мандатот на „нов“ член во Советот на општината и решението за избор на нов претседател на Советот на општина Гевгелија се на дневен ред на денешната 31 редовна седница на Советот на општината. Со седницата, според деловникот, ќе претседава најстариот (највозрасен) член од сегашниот состав на Советот.


Last modified on Понеделник, 30 Септември 2019 - 15:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.