Петар Јанчев нов член, а Тодор Ристов нов претседател на Совет на општина Гевгелија
Петар Јанчев од советничката листа на СДСМ и коалиционите партнери денеска доби верификација на мандат како нов член на Советот на општина Гевгелија. Тој има дипломирано„Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Филолошки Факуптет „Блаже Конески“ во 2016, а од оваа учебна година е наставник по македонски јазик во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија.
Јанчев за себе вели дека е актер аматер, поет и се занимава со пишување. Како член во општинскиот совет го интересираат темите од областа на образованието, културата и воопшто неговиот придонес за потребите на граѓаните за заедничките теми за кое е надлежна локалната самоуправа.
Тој денеска по верификацијата на мандатот и одобрувањето од ДИК и ОИК седна на советничкото столче меѓу своите колеги советници.
Петар доаѓа како 14-ти од кандидационата листа на СДСМ и коалиционите партнери за време на локалните избори од 2017. По оставката на досегашниот претседател на Советот (согласно член 46 од Законот за локална самоуправа) Дојчинов, тој доаѓа како дополнување на испразнетото место од освоените 10 на СДСМ и коалиционите партнери од последните локални избори.
На денешната 31 редовна седница на Советот на општината се избра и нов претседател на Советот. Честа му припадна на Тодор Ристо, исто од редовите на мнозинството (СДСМ). Ристов е дипломиран правник со повеќегодишен работен стаж во Агенцијата за вработување во Гевгелија, како и досегашен координатор на советничката група на СДСМ.
Пред изборот на нов претседател на Советот со седницата претседаваше најстариот советник Магдалена Делковска. По изборот на нов претседател на Советот со седницата после третата точка претседаваше новоизбраниот претседател Ристов, донесувајќи заедно со советничкиот состав повеќе одлуки кои беа на дневен ред на денешната редовна и изборна 31 седница на гевгелискиот Совет.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и
Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од
Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои
Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека
Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија
Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна
„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани
Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари
Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и
Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија
Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за
ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци
За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,
Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“
Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското
Собранието против уставните судии за „воскреснување“ на амнестија од Иванов
Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на
Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во
Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред