Топ Новости

Се уредува нов детски парк во Миравци

Среда, 02 Октомври 2019


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на Миравци. Се работи на теренот од некогашното старо училиште, кое сега е разрушено, а на него остана неискористен простор од 1.500 м2. Со помош на работници од гевгелиски „Комуналец“ и локални жители посадена е трева, поставен систем за наводнување со распрскување, поставено е осветлување на теренот.
Секојдневната посета на децата на овој простор дури и без реквизитите за забава ги натера локалните власти и претставници на локалната самоуправа од овој крај да се ангажираат просторот да се оплемени со нова урбана опрема за забава и игра на најмладите жители на Миравци. Така, се реновираа и исфарбаа старите дотраени играчки, а во тек е и тендер за набавка на нова опрема за детскиот парк за забава, по нарачка на општина Гевгелија.
Наскоро овде ќе има и лулашки, и клацкалки, и куќички, и други реквизити за забава на децата. Паркот е во близинана улицата „Гоце Делчев“ која летово се асфалтираше. Асфалтен пристап, осветлување, зелена трева, клупи за одмор и дузина реквизити се новото катче за забава на најмалите миравчани.


Last modified on Среда, 02 Октомври 2019 - 02:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.