Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Понеделник, 07 Октомври 2019

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во Гевгелија, како втор град после Штип каде претставниците на владеачката партија со своите коалициони партнери и функционери од министерствата и јавните претпријатија разговараа со граѓаните за сработеното и за новите проекти кои и' претстојат на нашата земја.

Учесници на трибината како говорници беа Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

- „Летово организиравме над 600-ни маалски и урбани средби со граѓаните каде разговаравме за она што го мислат граѓаните дека треба да биде направено во нивното место. Вечерва сме овде во Гевгелија со втората трибина „На прав пат“ од вкупно предвидените 23 во одделни места во државата, со цел да проговориме што се' е реализирано изминативе две години на оваа власт на патот на сигурноста, развојот, и подобар живот за сите граѓани. Клучен приоритет на нашата политика е враќањето на парите кај граѓаните и со покачувањето на минималната плата од 9.000 на 12.507 денари, и со зголемувањето на социјалната помош по сите основи на над 300%, и со повраток на ДДВ, и со зголемувањето на платите во здравството, во јавната администрација, со исплата на платежни картички за набавка на „зелена нафта“ за 55.000 земјоделци и земјоделски семејства во државата, мерка за која се одвоени три милиони евра од годинашниот буџет. Што помалку кратења кај граѓаните (во вид на казни, такси, укинувањето на Радиодифузната такса, намалување на таксите за нотарите и извршителите) тоа значи што поголеми интервенции за повраток на парите кај граѓаните и зголемување на нивните платни и социјални примања“, истакна на трибината во Гевгелија Генералниот секретар на СДСМ Николовски.

Правиот пат на оваа власт тој го апострофираше со се' поизвесниот прием на Макеоднија во НАТО и очекуваниот датум за почеток на преговори во Европската Унија што ќе ги отвори економските перспективи на земјава како на економски план, така и на подобрување на социјалниот стандард на граѓаните.

Министерот за здравство и претседател на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче вечерва изнуди аплаузи од граѓаните на Гевгелија.

- „По стапувањето на власт затекнавме девастиран здравствен систем, разочарани здравствени работници и руинирани објекти од здравствените установи. Решивме да го подобриме пристапот кон пациентот. Огромен број пациенти беа без терапија. Воведовме лекови кои значат живот на пациените. Само за инсулин кој доаѓаше од непознато место, со непознато пакување кој пациентите го боцкаа три пати на ден и од кој немаа никакво подобрување на состојбата со шеќерот во крвта, набавивме квалитетен инсулин кој е за 5 милиони евра поевтин од сомнителниот, носи подобрувања кај пациентите, а воедно е воведена и таблетарна терапија како дополнување за подобрување на здравствената состојба на инсулински зависните пациенти.
Наследивме недисциплинирана политика на имунизација на населението па ни се случи епидемија на мали сипаници (болест искоренета во современите земји) која што ја саниравме за шест месеци и добивме признание за успешност од СЗО.
Свативме дека мора да се инвестира во здравствениот кадар за да бидат стимулирани новите лекари и постојниот кадар да останат да работат во својата, во нашата земја. Ги зголемивме платите на специјалистите за 15%, на општите лекари за 10%, на медицинскиот персонал за 5% и нови 5% за целата администрација во здравството. Ги стимулираме со платена специјализација младите запишани специјализанти во државата. За прв пат после 10 години од 1 октомври ја покачуваме капитацијата за матичните лекари по глава на жител, за прв пат после 10 години подготвуваме измени на Законот за здравствено осигурување со промена на лековите на позитивната листа. Мора да се смени тој обемен процес, 14 комисии со по 17 членови да дадат зелено светло за некој лек“, ова го истакна министерот Венко Филипче пред гевгеличани на трибината „На прав пат“, а тие за искажаното го поздравија со акламација.

 

Last modified on Вторник, 08 Октомври 2019 - 00:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.