Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Вторник, 08 Октомври 2019

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на комуналиите, изградбата на улиците, иградба на паркинг простори, реновирањето на градинките, капиталните проекти кои ги завршивме минатата година а продолживме со доградба на проектно пропуштеното, Гевгелија е „На прав пат, на вистинскиот пат“, заклучи синоќа градоначалникот на општината Сашо Поцков.

Тој пред своите гевгеличани на граѓанската трибина организирана од СДСМ и коалиционите партнери во Народниот театар во Гевгелија започна со образлагањето на постигнувањата од моментот на превземањето на градоначалничката функција кога општинската каса ја наследил со долг од 140.000.000 денари, од кои само една фирма имала побарување за наплата од 60.000.000 денари што било закана за блокада. Наместо задолжувања на Општината како што работеше претходникот Франгов, ние ги отплаќаме наследените долгови и инвестираме во комуналните потреби на општината, посочи Поцков.

- „Во моментот се изведуваат пет градежни пректи: патот Негорци-Серменин во должина од 1.003 метри; патот од гробиштата во Давидово до манастирот Св. Илија; со 500.000 евра грант од ИПА програмата за меѓугранична соработка се санира коритото на Сува река, кое е често закана за поплави на јужниот дел од градот; се изведуваат работите за изградба на улици и водовод во населбата Караорман; се изведува атмосферска канализација на улица „Индустриска“, а за некој ден треба да стартуваат работите за изградба на патот до санитарната депонија кај Конско.
Со грант од 2,5 милиони евра што го добива ЈПКД „Комуналец“ ќе се приклучат населбите Негорци и Мрзенци на новиот резервоар за вода со предуслов за приклучок на вода кон ТИРЗ зоната. Оваа зона треба да донесе 23 нови инвестиции кои ќе ангажираат работна сила од над 4.000 лица. Во моментот во Агенцијата за вработување има регистрирано 582 лица кои се редовни баратели на работа, што значи дека ТИРЗ зоната кај Прдејци/Негорци ќе прерасне во регионален економско-стопански потенцијал на Општината.

Со ови предуслови за стопански растеж на Гевгелија, со фактот што изминативе месеци има засилени градежни активности во 11 населени места во општината, со формирање на Месните заедници во селата кои сами ги изнесуваат потребите за своите населени места, со реновирањето на градинките, со отварањето јасли во детската градинка во Негорци лани, а во ноември годинава и во градинката во Миравци градоначалникот Поцков со сигурност ги праша сограѓаните: „На прав пат ли е Гевгелија?“ И потврдно одговори со одобрувањето од граѓаните: „Да. На прав пат. На вистинскиот пат на развојот!“

Last modified on Вторник, 08 Октомври 2019 - 20:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.