Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Четврток, 10 Октомври 2019

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во Детската организација и поделување на Детски книшки за членство во организацијата, денеска четвртиот ден од Детската недела продолжија активностите за одбележување на оваа меѓународна манифестација на симболика на детските права.

Сите основни училишта во Гевгелија со пригодна програма подготвена од учениците од повисоките класови им посакаа добредојде на своите соученици првоодделенци во Детската организација.

Неделата на децата која се одбележува во меѓународни рамки, е седумдневен настан на активности посветени на децата, а се организира во првата полна недела од октомври.
Во ООУ „Крсте Мисирков“ започна уште во понеделникот со организирање на филмски проекции за децата, членовите на училишната заедница на нивна иницијатива собираа парични донаторски прилози, кои најавија дека ќе ги наменат за децата со посебни потреби од „Центарот Мајка Тереза“, учествуваа на претстави наменети за децата, а денеска, четврток со песни, игри и драматизации потсетија за значењето на децата, нивниот развој и грижа на општеството за нивните права и потреби.

Драмската секција за деца „Дон Кихот“ при Домот на културата ги постави на сцената на Народниот театар во Гевгелија претставите за деца: „Царскиот паж“ и „Малиот принц“, во два термина. Претставите беа прикажани на учениците од основните општински училишта и на најмалите гледачи од јавните општински градинки. За денеска, четврток, 10 октомври, најавено е дека истите претстави ќе се одиграт и за заинтересираната публика со своите најмлади членови на семејството, повторно на сцената на Народниот театар, со почеток во 19:00 часот.

Детската недела, како меѓународна манифестација прогласена од ООН, во нашата држава ја организираат Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика под мотото „Детски права за наше детство!“

- „Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет“, посочуваат организаторите.


Last modified on Четврток, 10 Октомври 2019 - 15:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.