Топ Новости

Честит 11 октомври!

Петок, 11 Октомври 2019

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се одбележува во целата земја со истакнати национални знамиња, положување цвеќе на спомениците на паднатите борци во Народноослободителната борба, народните херои, Спомен костурниците на сите жртви на фашизмот од Втората светска војна.

Во Гевгелија, во организација на Општинската организација на Сојузот на здружението на борците од НОБ и нивните поддржувачи и следбеници, во присуство на претставници на локалната самоуправа и општествени чинители беше положено цвеќе со стамена почин на Спомен костурницата во Гевгелија во знак на благодарност на сите втемелувачи на денешната слобода.

Во текот на четири годишната Народноослободителна борба како борци - партизани од гевгелиската општина вкупно загинале 83 лица, од кои две жени. Од нив во непосредно судирање со окупаторксите војски, фашистичката полиција и квишлинските контра-чети загинаа 54 лица, фатени како борци, а потоа убиени осуммина, стрелани четворица, обесени тројца, загинати во несреќни случаи двајца и двајца исчезнати во текот на борбите.
Четворица од нив загинаа како народни херои, тоа се:

1. Слободан Митров - Данко (Двоен Народен херој - на Југославија и на Шпанија)
Роден е во Ѓургевац, Копривница, Хрватска. Станал член на КПЈ уште во 1936 година. Како 17-годишник заминал за Шпанија каде се приклучил на Шпанската револуционерна војска. Учествува во повеќе борби на интернационалните бригади против Франковата фашистичка војска. Бил заробен после Шпанската граѓанска војна и однесен во концентрационен логор во Гирс, Франција, од каде успева да побегне и да стаса во Југославија. Овде се приклучува на Народноослободителното движење. Станува командант на обласниот штаб на Босанска краина, подоцна командант и на Четвртиот Краишки одред. Во 1930 година воспоставува врска со партизаните од Гевгелија, бидејќи во тој период татко му бил на работа во Гевгелија. Убиен е од заседа од четничка патрола, кои претходно ги усмртиле татко му и баба му, пролетта 1942 година.
За Народен херој на Југославија поради многуте партизански подвизи, Слободан Митров - Данко е прогласен на 26 јули 1945 година. Тој е и народен херој на Шпанија.

2. Ванчо Прке - Сермен
Роден е во селото Серменин во 1920 година - загинал на 21.05.1943 година на планината Плачковица, во близина на Виница, заедно со првата група партизани на Плачковица каде требаше да се формира Штипскиот партизански одред. Бил политички комесар на одредот „Јане Сандански“. Член на КПЈ е од 1940 година и како напреден студент на Техничкиот Факултет во Белград уште во 1939 година учествува во повеќе акции на напредните студенти против режимот на Стара Југославија.
За Народен херој на Југославија е прогласен на 02.08.1949 година.

3. Јосиф Јосифовски - Свештарот Ѓорче
Роден 2.08.1914 г. - 6 октомври 1943 загинува во селото Кленоец, Кичевско, во херојска борба со Германците и балистите. Беше истакнат во омасовувањето на народноослободителното движење заради што одржуваше народни собири и митинзи формирајќи народноослободителни одбори. Како резултат на таквата активност беше поставен за политички комесар на батаљонот „Мирче Ацев“, а потоа и за политички комесар на Втората оперативна зона.
Прогласен е за Народен херој на Југославија на 05.07.1951 година.

4. Радован Ковачевиќ- Максим
Роден е септември 1919 во селото Црквице, Никшиќ, во Црна Гора, а од 1923 до 1941 заедно со своето семејство живеел во Горничет, каде завршил основно образование, а Гимназија во Гевгелија. Загинал како политички комесар на Првиот Јужноморавски партизански одред на 13.03.1943 година во борба против бугарската окупаторска војска на планината Радан, кај месноста „јоковиќа Ливада“.
За народен херој е прогласен на 05.07.1952 година.

Најмногу од загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор од Гевгелија и гевгелиско загинаа во својата рана младост. Просечната старост изнесуваше 23 години, што значи младоста стоела во правите борбени редови во извојувањето на победа на македонскиот народ.

На овој ден со сеќавање оддаваме почит на сите втемелувачи на денешната наша слобода. Ви благодариме за слободата слободари наши!

Галерија-редослед: С.М.-Данко; В.П.-Сермен; Ј.Ј.-Свештарот; Р.К.-Максим


Last modified on Петок, 11 Октомври 2019 - 00:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.