Топ Новости

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Сабота, 12 Октомври 2019

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот од 50-70м2 кои ќе бидат наменети за престој на група за јасли во детската градинка во Миравци.
Истата ќе може да опфати 20-на деца на возраст од 8 до 24 месеци, кои според законот за детска заштита припаѓаат во јаслената група за престој во установите за детско згрижување.
Засега во ДГ во Миравци, која е клон на Детската градинка „Детска радост“ од Гевгелија за престој во јаслената група искажале интерес 11 родители на деца во наведената законска возраст за згрижување во јасли.

- „Се поставува нова инсталација, водоводна и електрична, нов под, се бојадисуваат ѕидовите, се поставуваат теписони. Набавени се нови креветчиња за одмор на децата додека се во јаслите, нови душечиња, постелнина, клима уреди, печки за загревање, играчки. Се опремуваат и купатила со тоалети, мијалници и WC опрема според нивната возраст и „големина“. Посебни хигиенски простор и простор за престој се опремува за негувателките кои ќе бидат надлежни за нивна грижа и хигиеничарка“ - изјави за GevgelijaNET претставникот на локалната самоуправа во Гевгелија од Миравци, кој деновиве беше во надгледна посета на објектот.

Целокупниот ангажман на овој проект на Детската установа „Детска радост“ се изведува со сопствени средства. Негувателките кои треба да се грижат за време на престојот на децата во јасли треба да поседуват соодветна лиценца спрема барањата на Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност е работата на детските установи во државата.

Почетокот на работа на детските јасли во ДГ во Миравци од локалната самоуправа во Гевгелија го најавуваат за почетокот на ноември годинава, што значи за две до три недели.

Градинката во Миравци е изградена во 1986 година. Поседува изграден внатрешен простор од 825 метри квадратни, со дворна површина од 6.207 метри квадратни, со капацитет за прием и престој на 70 деца од претшколска возраст, а засега на престој има над 30-на деца. Градинката е наменета за целодневен престој на децата со работно време од 5:30 до 16:30 часот. Засега има две воспитни групи со вкупно вработено 2 воспитувачки, 2 негувателки и 1 готвач-хигиеничар, а од ноември ќе бидат примени уште 2 негувателки и 1 хигиеничар со распоред за работа во јаслената група за згрижување и воспитување на децата.

Минатата година јаслена група беше отворена во Негорци. По отварањето на истата во Миравци од ЈОУДГ „Детска радост“ останува само клонот „Малото Штркче“ од Богородица без јасли, за што треба интерес да искажат младите родители, а локалната самоуправа со детската установа да го реализира тоа.


Last modified on Сабота, 12 Октомври 2019 - 18:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.