Топ Новости

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно одликуван со награда за животно дело

Среда, 16 Октомври 2019

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е најголемиот награден обем на традиционалната награда што ја доделува општина Гевгелија за 2019 година.

Александар Попов, неодамна починатиот музичар, наставник, диригент и оснивач на КУД „Распеани Гевгеличани“ ја добива честа да стане постхумен носител на Општинската награда за животно дело, за значајни постигнувања од областа на музичката уметност, културата, воспитанието и образованието, придонес во развојот на културата на младите, за афирмација на општината преку учество на голем број манифестации и фестивали на кои има освоено бројни награди и признанија, за афирмација на македонското музичко творештво и негово збогатување со свои авторски песни. Ова се вели во одлуката на Комисијата за утврдување предлози за доделување општински награди „7-ми Ноември“ која наградата за животно дело постхумно му ја посветува на Александар Т. Попов од Гевгелија. Наградата се доделува во форма на Златна Плакета и вредносен износ од 125.520,- денари.

Со Златни плакети на општинската награда „7-ми Ноември“ се заќитуват добитниците:
1. професорите Љубица и Ѓорѓи Улишеви - Златна плакета број 1 - (за значајни постигнувања од областа на културата, како истакнати музички педагози и основоположници на организираниот музички живот во Гевгелија, организирање на голем број концерти од областа на класичната музика);
2. Здружението на граѓани „ТЕРА“- Златна плакета број 2 - (за афирмација на општината преку реализација на манифестацијата „Смоквијада“, зачувувањето на традицијата на поднебјето и придонес во зачувувањето на културните вредности);
Носителите на златните општински одличја, заедно со Плакетата добиваат и паричен износ од 75.312,- денари, секој добитник поединечно.

Сребрени плакети „7-ми Ноември“ се доделуваат на три ансамбли од областа на културата:
1. Ансамбл „Бојмија“ - Сребрена плакета број 1 - за значајни постигнувања од областа на културата, за негување и зачувување на македонското културно наследство преку своите уникатни носии, за развој на културниот живот во општината и организирање на голем број манифестации);
2. КУД „Танец“ од Миравци - Сребрена плакета број 2 - за значајни постигнувања од областа на културата, за негување и зачувување на македонското културно наследство преку своите уникатни носии, за развој на културниот живот во општината и организирање на голем број манифестации);
3. Театарска група „Дон Кихот“ од Гевгелија - Сребрена плакета број 3 - (за значајни постигнувања од областа на театарската уметност, за особен придонес во развојот на театарскиот живот во Гевгелија, за афирмација на Гевгелија на државно и меѓународно ниво преку добиени награди и признанија во категоријата најдобра театарска претстава и најдобар актер).
Носителите на сребрените општински одличја, освен Плакета добиваат и паричен износ од 37.656,- денари, сите тројца добитници (ансамбли) посебно.


Комисијата за утврдување предлози за доделување општински награди „7-ми Ноември“ својата одлука ја донесе по пат на регуларна конкурсна постапка на која можеа да се доставуваат предлози за достигнувања на наши сограѓани и организации кои творат во Гевгелија, на предлог повторно на граѓани и поединци од Општината. До Комисијата пристигнаа 14 апликации, од страна на Комисијата беа предложени седум на одобрување до локалниот општински Совет. Денеска, на одржаната 32 редовна седница, Советот на Општина Гевгелија усвои шест носители на награди за највисокото општинско признание „7-ми Ноември“.
Највисоките општински награди „7-ми Ноември“ ќе бидат врачени на добитниците на истиот датум како што гласи наградата, Денот на ослободувањето на Гевгелија.


Last modified on Среда, 16 Октомври 2019 - 14:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.