Топ Новости

Октомври заминува со дожд

Четврток, 31 Октомври 2019

Последниот ден од октомври настапуваат и првите есенски дождови за кои прогнозерите велат дека ќе траат до вторникот следната недела.
Во Гевгелија и околните населени места, температурата опаѓа за осум степени надоле и од вчерашнте 25 степени, денешниот ден живата во термометарот ќе достигне само до 17-от степен.

Првиот дожлив налет траеше шест часа, од 22 часот во средата, до 04 часот изутрината. Облачно и повремено врнежливо ќе биде преку целиот ден со тивок дожд (после 16 до 19 часот) и благ ветер од југоисточен правец. Влажноста на воздухот ќе достигне до 86% а воздушниот притисок и понатаму над нормалата со 1018 hPa. Поради тоа, можни се метеопатски симптоми кај хроничните болни, поради што се препорачува навреме да ја примаат својата медикаментска терапија и да се придржуваат на советите од лекарите.

Сонцето над Гевгелија денеска изгрева во 5:59 часот, а заоѓа во 16:27. Денот трае 10 часа и 28 минути.

Дождот и пониските температури ќе ги направи чадорите неопходни во текот на денот, како и почеток на грејната сезона кај домаќинствата.
За состојбата на патиштата од АМСМ известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради временските прилики препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Имајте пријатен октомвриски ден.


Last modified on Четврток, 31 Октомври 2019 - 04:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.