Топ Новости

Деветмесечниот Буџетски извештај на Општина Гевгелија доби зелено светло од Советот

Четврток, 31 Октомври 2019

Советот на општина Гевгелија го усвои буџетскиот извештај за деветмесечјето од 2019 година со реализирани 66,17% од основните буџетските планирани приходи. Реалните бројки велат дека од планираните 275.678.228 денари како приходи во тековната буџетска година во основниот буџет, од јануари до крајот на септември 2019 година реализирани се 182.403.821 денари. Целокупниот буџетски приход пак заедно со дотациите изнесува 628.518.719 денари (како планиран плафон на остварувања за 2019 година) и од тоа, во првите девет месеци се реализирани 401.918.418 денари или 63,95%.

Еден од индикаторите на развојната компонента на буџетот се висината и процентот на капиталните расходи. Во 9 месечниот извештаен период реализацијата е исто така во рамките на посакуваниот „буџетски развој“ со реализација на 41,9 % од вкупно реализираните расходи кои изнесуваат 400.427.490 денари.

Вактиот буџетски тренд на реализација и остварувања градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска ги образложи пред членовите на Советот на општината, на денешната 33-та редовна седница на гевгелискиот Совет. Исто така, како законски реализатор на локалните буџетски програми и проекти тој истото го најави и пред граѓанската трибина одржана овој месец пред гевгеличани, и на јевен прес пред медиумите, одржан минатата недела. Денешното одобрување од мнозинството членови на Советот тој го образложи со зборовите дека тоа е „најдобра потврда за домаќинското и транспарентното работење на општината“.

- „-Општина Гевгелија е финансиски консолидирана со остварени приходи во основниот буџет од 53 % во првото полугодие од годината. Ваквиот тренд, како и што најавив, продолжи и во изминатите девет месеци кога остварени се 66 % од основниот буџет, што досега не се случило. Значајно е да се забележи дека покрај редовното сервисирање на наследениот долг, настојувавме сите тековни обврски навреме да ги измириме. Со ваквото домаќинско работење, а би рекол и менаџерско управување со финансиите на општината се создаваат добри предуслови за претстојното проектирање на буџетската рамка во наредната година, истакна Поцков на седницата на Советот на општината. Тоа е посебно значајно, бидејќи се наоѓаме пред големи предизвици – во наредниот период не очекува реализација на неколку капитални проекти, со веќе затворена финансиска конструкција“, рече градоначалникот на општина Гевгеија.

Ова е „кам бек“ на коалициониот мир во редовите на позицијата која на минатата 30 седница предизвика шок кај приврзаниците на локалната власт кога Извештајот за реализација на Буџетот на општината за првото полугодие од годината не доби гласови од коалиционите партнери, а со гласовите против на опозицијата и гласовите воздржани на претставниците од граѓанската листа на советници истиот остана неизгласан и неодобрен од Советот.

Со денешниот советнички гласачки позитивен исход се потврдува консолидираното работење на Општината, реализираните проекти, реализираните приходи и капитални вложувања, што е добар знак дека во политиката ништо не се постигнува со инат, туку со работење за доброто на граѓаните.



Last modified on Четврток, 31 Октомври 2019 - 19:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.