Топ Новости

Во пресрет на утрешната Митровденска задушница гевгелиските гробишта преполни од почитувачи на традициите

Петок, 01 Ноември 2019

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа свеќа за спокој на своите упокоени, делеа храна на посетителите на вечните почивалишта со зборовите „да им се најде таму“, во пределите каде сега престојуваат нивните души.

Традиционално, еден ден порано, во пресрет на утрешната саботна задушница пред празникот Митровден православните христијани и денеска петок, попладнето, ја одбележуваа задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Митровденската задушница, која е востановена во XIV век и отогаш се одбележува, секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

21 век сме, а традициите уште се почитувааат, барем според денешната глетка на преполни улици кон градските гробишта, преполни тротоари со тезги свеќи, цвеќе, икебани .. и други форми на искаување сеќавање и почит на споменатите.
Утрешната литургија е во 8 часот, а свештениците ќе ги посетат гробовите со молитва за упокоените после 8.30 часот. И гевгеличани не ги заборават традициите и почитта кон своите блиски, а упокоени.


Last modified on Петок, 01 Ноември 2019 - 21:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.