Топ Новости

Започна со работа јаслената група во ДГ Миравци

Понеделник, 04 Ноември 2019

Денес за прв пат во детската градинка во Миравци започна со работа јаслена група за деца на возраст од 8 до 24 месеци. Со тоа се овозможува грижа за најмалите од Миравци и околните населени места. Групата веќе ја посетуваат 10 деца, а има најави за приклучување и на други деца.

Просторот наменет за згрижување на децата од јаслената група беше реновиран и адаптиран согласно законските прописи и правилниците за оваа намена, со сопствени средства на Детската градинка од Гевгелија, во чиј состав работи Детската градинка во Миравци.
- „Поставена е нова инсталација, водоводна и електрична, нов под, бојадисани се ѕидовите, поставувени се теписони. Набавени се нови креветчиња за одмор на децата додека се во јаслите, нови душечиња, постелнина, клима уреди, печки за загревање, играчки. Опремени се купатила со тоалети, мијалници и WC опрема според возраста на децата. Посебен хигиенски простор и простор за престој беше опремен за негувателките кои се надлежни за нивна грижа и хигиеничарката“ - изјави за GevgelijaNET претставникот на локалната самоуправа во Гевгелија од Миравци, кој деновиве беше во надгледна посета на објектот. 

Целиот постоен, а адаптиран простор ќе може да опфати 20-на деца на возраст од 8 до 24 месеци, кои според законот за детска заштита припаѓаат во јаслената група за престој во установите за детско згрижување.
Засега во ДГ во Миравци, која е клон на Детската градинка „Детска радост“ од Гевгелија за престој во јаслената група искажале интерес 11 родители на деца во наведената законска возраст за згрижување во јасли, а денеска својот јаслен престој го започнаа 10 дечиња.


Last modified on Понеделник, 04 Ноември 2019 - 18:17

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.