Топ Новости

31 годишен жител на Богородица несреќно застрелан при лов на Кожуф

Понеделник, 04 Ноември 2019

31 годишниот М.Т. жител на село Богородица, гевгелиско при вчерашен неделен лов на Кожуф планина бил несреќно погоден со ловечка пушка од страна на лице кое било дел од ловечката група.

Истрелот на 52 годишниот Б.Ѓ. несреќно завршил во телото на М.Т., при што тој починал на местото на настанот. За несреќниот случај вчера во 10:43 часот било пријавено во полициската станица во Гевгелија за повредено лице при лов.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа“ и констатирале дека застреланиот М.Т. бил починат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија.

Ловецот Б.Ѓ. веднаш е приведен во полициска станица во Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Last modified on Понеделник, 04 Ноември 2019 - 21:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.