Топ Новости

Општина Дојран го одбележа 5 Ноември- Денот на ослободувањето

Среда, 06 Ноември 2019

Со пригодна програма на дводневни програмски организирани настани Општина Дојран го одбележа 5-ти Ноември, денот на ослободувањето.

Дводневните одбележувања започнаа во неделата на 3-ти ноември со пријателски меѓународен фудбалски натпревар помеѓу екипите од Дојран, Валандово, Богданци и претставници од Медулин, Р. Хрватска. Натпреварите се одиграа на теренот на градскиот стадион “Дојранско Езеро” во Нов Дојран. Победник е екипата на „Дојранско езеро“ која во финалето ја совлада екипата на „Медулин“ со резултат 2:0, а во полуфиналето убедливо го совлада тимот на „Победа“ од Валандово со 3:2. Победничкиот тим ја понесе и титулата за најдобар гол постигнат на турнирот. Стрелец беше од 30 метри растојание прецизниот Гушев Мите од Ф.К. „Дојранско езеро“ кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Титулата Најдобар голман ја понесе голманот од Медулин.

Празнишниот ден, вторник 5-ти Ноември започна со Свечена седница на Советот на Општина Дојран одржана во хотел „Ла Тераса“ во Стар Дојран. Веднаш потоа, сите присутни од локалниот општински Совет, заедно со граѓани, претставници од бизнис заедницата, ученици и пензионери положија свежо цвеќе пред спомен обележјето од НОБ во Стар Дојран, во градскиот парк. Потоа делегацијата заминаа во Нов Дојран каде пред Споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај, поставен во центарот на населбата и пригоден парк, положија свежо цвеќе во знак на почит и благодарност на нивното дело и жртва за слободата на овој карај.
Традиционално, и годинава низ улиците на населбата се одржа и крос на учениците од ООУ "Кочо Рацин" Нов Дојран.
Младост, трки, песни, рецитации, цвеќе и почит за носителите на овој светол ден за дојранчани.

Одбележувањето на Општинскиот празник финишираше со Свечен прием од страна на Градоначалникот каде на бројни званичници им беа доделени плакети, благодарници и пофалници за придонес во развојот на општина Дојран со својот труд и професионална дејност. Свечениот прием се одржа во Музејот на Првата Светска Војна, во Стар Дојран каде за сите славеници градоначалникот организираше и пригоден коктел.

Честито слобода дојранчани! Со векови да го одбележувате овој ден и да ги уживате благодетите на слободата и напредокот.


Last modified on Среда, 06 Ноември 2019 - 04:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.