Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

Среда, 06 Ноември 2019

На Денот на ослободувањето на Валандово, 6-ти Ноември, валандовчани ги посети Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Освен честитките за општинскиот празник тој испорача и конечен проект - завршеното реновирање на зградата на Полициската станица во Валандово. Со средства од над три милиони денари по неколкумесечните градежно-санациски работи, објектот на оваа полициска станица е реновиран, обновен и прилагоден за нормално функционирање.

- „МВР од сопствени средства, во висина од 3,1 милиони денари, го финансираше санирањето и реновирањето на овој објект, како што тоа континуирано го прави во изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата“ изјави Спасовски.

- „Се разбира сето тоа само со една единствена цел: воспоставување на квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организационите единици при МВР, односно на сите полициски службеници. Впрочем, наша базична интенција беше и останува фактот дека напоредно со реформските процеси на безбедносниот сегмент ние мораме да ги унапредиме условите за работа на полициските службеници со што се унапредува ефикасноста и квалитетот на полициското работење“, рече министерот.

На средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов беше потенцирана одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, а се разговараше и за проекти кои треба да се реализираат во иднина, во интерес на граѓаните. Во рамки на одбележувањето на 6-ти Ноември, денот на ослободувањето на Валандово, делегација на МВР, предводена од министерот Спасовски, положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци.


Last modified on Среда, 06 Ноември 2019 - 12:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.