Топ Новости

Честит празник - 75 години од ослободувањето на Гевгелија

Четврток, 07 Ноември 2019

На овој ден, 7-ми Ноември, пред 75 години, во 1944 година, партизанските сили од гевгелискиот одред „Сава Михајлов“ формиран на Кожуф планина, спротивставувајќи се на фашистичкиот окупатор влегле и го ослободиле градот Гевгелија.

Партизаните биле дочекани со цвеќе и прегратки од жителите на Гевгелија. Со насмевки на лицето и развиорено знаме на слободата ослободителите влегле во управната зграда на Општината Гевгелија, тогаш наречена „Кметство“ според управната власт која била во рацете на бугарските окупаторски сили, како Германски сојузници и територијално надлежни за овој дел од окупирана Европа.

Од овој ден па натаму Гевгелија слободарски живее веќе седумипол децении.

По ослободувањето на Гевгелија и создавањето слободна територија бил формиран Народноослободителен Одбор која ја вршел функцијата на орган на народната власт, грижејќи се за снабдување на населението со основните прехранбени продукти, за општонародниот имот, за посредување во спорови меѓу граѓаните и сл. Освен тоа, НОО биле одговорни и за културно-просветниот живот на слободните територии: ги отвориле првите училишта на мајчин македонски јазик, организирале курсеви за описменување на луѓето, приредби и сл.

Завршните операции за ослободување на Македонија започнале кон крајот на летото 1944 година, предводени од Народноослободителната војска на Македонија, како составен дел од НОВ на Југославија. Народноослободителната војска на Македонија во завршните операции за ослободувањето на Македонија ја сочинувале три корпуси (15, 16 и Брегалничко-струмичкиот), во чиј состав влегуваа 7 дивизии со 22 ударни бригади, 4 артилериски бригади, 3 пионерски и една коњичка бригада.

Операциите за конечно ослободување на македонската територија се засилиле по капитулацијата на Бугарија во септември, кога народноослободителната борба добила општонароден карактер. И покрај замената на бугарските војски со германски, единиците на македонската војска во периодот од септември до ноември ги ослободиле сите градови во Македонија.

Честит празник Гевгеличани!

Насловно ФОТО: од семејниот албум на Митко Дојранлиев - партизан во НОБ и офицер во ЈНА (тој е знаменосецот кој го виори црвеното пролетерско знаме со срп и чекан на терасата од превземената општинска зграда)

 

Last modified on Четврток, 07 Ноември 2019 - 05:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.