Топ Новости

Доделени 7-мо Ноемвриските награди за 2019 од општина Гевгелија

Четврток, 07 Ноември 2019

На свечена седница на Советот на општина Гевгелија на која присуствуваа гости од јавниот и општествен живот на Општината, како и претставници на збратимените градови со Гевгелија, денеска напладне беа доделени Општинските 7-мо ноемвриски награди за 2019 година.

Носителите на наградите ги одобри посебна комисија од локалната самоуправа, а одлуката ја донесе Советот на општината минатиот месец.

Златна плачета „7-мо ноемвриска награда на општина Гевгелија за животно дело“ постхумно е доделена на музичарот, диригент и музички педагог Александар Попов. Плакетата ја прими неговата ќерка. Во негова чест настапи и Ансамблот „Распеани Гевгеличани“ што го формираше тој во далечните 70 години од минатиот век.
Две златни плакети: За афирмација на гевгелиските културни традиции и контуниурана музичко-образовна концертна и педагошка дејност припадаа на Лубица и Ѓорѓи Улишеви и златна плакета за ЗГ „Тера“ за афирмација на културните традиции на општината Гевгелија.
Сребрени плакети беа доделени на Ансамблот „Бојмија“, на КУД „Танец“ од Миравци и на Драмското студио „Дон Кихот“ за остварувања од областа на културата и афирмација на културните вредности на Општината.

Празничниот ден за Гевгелија започна со полагање свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ од Гевгелија и гевгелиско и пред споменикот на Сава Михајлов, борецот чие име го носеше Првиот партизански одред формиран на Кожуф планина, од наши сограѓани во цутот на својата бунтовна младост, денеска започнаа одбележувањето на Денот на општина Гевгелија, 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето.
Слободата која ја донесоа борците значеше живот и напредок во ново општествено уредување каде изградбата на земјата беше на преден план, образованието, производството на храна, напредокот на секој поединец во социјалистичкиот колектив на заеднички вложувања.

Парче од тој денешен напредок беше и отварањето на „Фестивал на храна и вико“ на плоштадот „Фонтана“ во Гевгелија каде гевгелиските преработувачи ги презентираа своите производи од богатото гевгелиско поднебје, гевгелиските винарии своите вина, децата изведоакултурна програма со песни и танцови изведби, твореа во ликовни работилници, се на се' активна културна отворена за сите посетители, градска празнична атмосфера наменета за сите граѓани, гевгеличани, славеници.

За сите званичници, претставници на СЗБ од НОБ, за бизнис фелата, за гостите од збратимените градови, за добитниците на 7-мо ноемвриските награди, за здруженијата на граѓани, општината приреди свечен прием во новиот готел „Скај“.
Вообичаено, на овој ден значаен за нашата Општина честитки беа испорачани и од претставници на збратимените општини со Гевгелија, тоа се Инџија, Р. Србија, Јабланица (БиХ), Пазин од Хрватска и Севлиево Р. Бугарија. Гости на одбележувањата на денешниот општински празник беа и градоначалниците од соседните општини, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица. Сите испорачаа недвосмислена порака за соработка и напредок.


Last modified on Четврток, 07 Ноември 2019 - 21:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.