Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Недела, 10 Ноември 2019

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за шумарство, земјоделство и водостиопнаство неделава во водите на Дојранското езеро пуштени се над 50.000 примероци крап со вкупна тежинска маса од 1.500 килограми (еден ипол тон).

Подмладокот го подготви регистрираниот репроцентар „Акватика“ ДООЕЛ – од Неготино кој имаше обврска да произведе 50.000 единки подмладок од крап меѓу 7 и 15 грама согласно динамиката на активности, по налог на МЗШВ.
Чинот на порибувањето беше извршено во присуство претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалната самоуправа. Лизгавите крапчиња за секунда се најдоа во водите на езерото, а симболичната слика на порибувањето со плетен кош полн со риба истурен во водите на Дојран го извршија Градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов и Директорот на земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ.

Согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура, порибувањето претставува добро од јавен интерес во областа на рибарството. Порибувањето на риболовните подрачја и риболовните зони, согласно законот, го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку регистрирани репроцентри. За таа цел, овој владин ресор обезбедува Буџетска финансиска поддршка за изведување вештачки мрест, се' со цел зачувување и зголемување на рибниот фонд. Така, годинава, во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за порибување на Дојранското Езеро издвоени се наменски средства во вкупен износ од 800.000,00 денари.

Во планскиот опфат на порибување подготвен од МЗШВ Дојранското езеро е предвидено со годишна динамика на порибување од по 1,5 тони. Во тој период и концесионерот на езерските води задолжен за риболов, но и зголемување на рибниот фонд на езерото забрани рекреативен и комерцијален лов во езерските води на Дојран.

Инаку, Дојранското Езеро и во изминатиов период (2011-2015 година) беше порибувано со исто толкава тонска количина подмладок од крап на годишно ниво, во зависност од обезбедените средства и рибен подмладок. Порибувањето го реализираа регистрираните репроцентри УКИМ Институт за сточарство – Скопје и „Акватика“ ДООЕЛ – Неготино.

Сето ова претставува реализација на заложбата на Владата и МЗШВ, за достигнување на резултатите од времињата кога, според податоците, Дојранското Езеро беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа.

Освен мамка за риболовците, веста за порибувањето ќе значи и нови посети на Дојран за сладокусците на дојранските рибни специјалитети низ познатите угостителски објекти распослани долж ривиерата од најужното езеро во Македонија.

 

Last modified on Недела, 10 Ноември 2019 - 16:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.