Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Понеделник, 11 Ноември 2019

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува локации за еколошки спорни проекти.

Со негативно мислење за намерата на инвеститорот за складирање RDF и производство на палети од RDF гориво, издадено од Општина Гевгелија до Министерството за животна средина на 28.06.2019 година дека таква локација и намера не се одобрува за барателот, Министерството повторно бара потврда од Општината за негативниот одговор.

Ова писмо за барање повторно мислење од општина Гевгелија, испратено на 22.10.2019 од Министерството за житотна средина и просторнопланирање, а заведено во општината на 29.10.2019 ќе се најде на разгледување, или повторно „НЕ“ од страна на Советот на општината кое го стави на дневен ред на закажаната утрешна 35-ра редовна седница на Советот на општина Гевгелија.

Се работи за инвеститорот „П & П Индустрис“ ДОО Скопје кое доставило нова намера до Министерството со барање алтернативна локација по негативното мислење од Гевгелискиот Совет. Била посочена општина Богданци, како алтернатива, а Министерството во писмениот допис кон општина Гевгелија потсетува на потребата од повторно разгледување на новото барање со намери на инвеститорот од аспект што на локацијата предвидена во Гевгелија веќе има изграден објект и има техничка опременост на локацијата.
Во спецификацијата за проектот стои дека ќе вработи 15 лица кои ќе работат на две производни ленти.
RDF отпадот, кој треба да се преработува во RDF гориво е со шифра 19 12 10 - Запалив отпад (претставува смеса на горива создадена од нерециклабилни материи од комунален и индустриски отпад кои имаат висока калорична вредност и може да се користи како гориво и содржи различни видови на пластика, текстил, гума, дрво, хартија).

Оваа преписка, која заедно со другите материјали за 35-та седница на Советот веројатно стасала преку некои советници до еколошките активисти од општината, кои уште вчера најавија предупредувачки протест пред зградата на општина Гевгелија, еден час пред почетокот на закажаната седница, со намера локалниот Совет да ја повтори својата претходна „НЕГАТИВНА ОДЛУКА“.

Вториот повод за вознемиреност и причина за утрешниот протест на екологистите во Гевгелија е третата точка од дневниот ред на утрешната седница каде се бара ПОВТОРНО МИСЛЕЊЕ за доделување концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот „Матушница-Исток“, општина Гевгелија и општина Кавадарци.
Предлог за Повторно мислење од Општината бара Министерството за економија, Сектор за минарални суровини со писмо од 28.10.2019 година, а на барање од БАРАТЕЛОТ (не наведен кој е барателот на второто мислење). Во писмото се потсетува дека Општина Гевгелија има издадено НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ уште во 26.12.2017 година, но еве барателот бара повторно изјаснување. Во прилог поднел и корегирана топографска карта на локацијата во размер 150.000 со вцртани координати на локалитетот и границите кои припаѓаат на општина Гевгелија.
По ова прашање граѓаните на Гевгелија имаа успешно референдумско „НЕ“.

Утрешната 35-ра седница има 13 точки на дневен ред. За 2-та и 3-та точка советниците ќе го имаат еден час порано искажаното мислење на граѓаните. Се очекува мислењето на општината и по двете точки да биде „НЕГАТИВНО“ и донесени едногласно, без предизборни реторики, за дооброто на гевгеличани, за доброто на граѓаните на општина Гевгелија, за чиста еколошка Гевгелија.


Last modified on Понеделник, 11 Ноември 2019 - 18:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.