Топ Новости

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на Кожуф

Вторник, 12 Ноември 2019

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе две „НЕГАТИВНИ МИСЛЕЊА“ по однос на 2-та и 3-та точка од дневниот ред.
Денешното двојно НЕ се однесува против:
- Предлог-мислење за намера за спроведување на проектот: Складирање на RDF и производство на пелети од RDF гориво во општина Гевгелија;
- Предлог-Повторно мислење за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот „Матушница-Исток“, општина Гевгелија и општина Кавадарци.

Инвеститорите, барателите на дозвола за спроведување на проектот за преработка на отпадни материи кои се високо запаливи во форма на пелети за употреба во домаќинствата и сл, имаше свои презентација пред Советниците за да го образложат своето повторно барања од Општината иако Гевгелија веќе одговори со „НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ“.

На презентацијата присуствуваа и граѓански активисти-екологисти кои еден час пред почетокот на седницата дојдоа да протестираат пред зградата на Општината со цел да укажат дека не сакат еколошки загадувачи во својата општина, сакаат еколошки чиста Гевгелија.

По изведената презентација немаше никакви прашања од страна на советниците. Тие ги замолија презентерите да ја напуштата салата каде се одржува седницата за да може советниците самостојно да одлучуваат.

Одлуките се донесоа ЕДНОГЛАСНО со идентично негативно мислење искажано од сите членови на Советот на општина Гевгелија: НЕ за фабрика за преработка на отпадно гориво во пелети, НЕ за рудници на Кожуф.

Оваа вест прв ја сподели на својата ФБ страна СДСМ Гевгелија, иако седницата уште трае по другите точки од дневниот ред.

Last modified on Вторник, 12 Ноември 2019 - 14:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.