Топ Новости

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Среда, 13 Ноември 2019

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар квадратен.
Врнежите започнаа уште во текот на вчерашниот ден од 13 часот, продолжија во текот на ноќта со позасилено темпо, напати во пороен обем и траеја до утринава до 07 часот. Вкуниот период на врнежи изнесуваше 18 часа.

Денот останува со влажност од 81% облачно и мирно речиси без ветер, со благи налети од 7,2 метри во секунда од југоисточен правец, со температура од 18 степени целзиусови и атмосферски притисок од 1.009 hPa. Во најава е повторен дожлив бран после 16 часот.

Врнежливо се очекува да остане и во текот на утрешниот ден, четврток, со зголемена температура до 19 степени. Сончево, речиси тивко се очекува да настапи задутре, петок, со очекувана температура до 20 степен.

Во текот на месец ноември во Гевгелија има наврнато вкупно 82 литри дожд на 1 метар квадратен. Само во првата декада врнежите изнесуваа 39 л/м2. Наврнатата водена маса се дуплираше во текот на изминатото деноноќие и претходниот ден кога беа регистрирани 4,5 литри дожд на еден метар квадратен.

Денот трае 599 минути, со изгрејсонцето од 06:14 часот, а завршува со зајдисонце кое ќе настапи во 16:13 часот.


Last modified on Среда, 13 Ноември 2019 - 15:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.