Топ Новости

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Четврток, 14 Ноември 2019

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и општина Гевгелија, предвидено е да бидат поставени 23 агрометеоролошки станици распоредени во сите 10 општини од регионот, од кои три ќе бидат во атарот на Гевгелија.

Овие уреди покрај информациите за временските прилики кои ќе ги мерат на местото на поставеност, истовремено ќе даваат и корисни информации за земјоделците за заштитните мерки што треба да ги преземат при третирањето на земјоделските култури. Сето ова, согласно временските прилики и после непогодите кои би го зафатиле регионот.

Согласно агролошката слика на Гевгелија и застапеноста на земјоделските култури базирано на направената експертска анализа, во општина Гевгелија ќе бидат поставени три агрометеоролошки станици за заштита на виновата лоза, бостанот и пченицата. Имено, статистичката анализа покажала дека овие култури се најзастапени на територијата на општина Гевгелија.

Според информациите од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, преку кој се реализира целиот проект, веќе е потпишан Договорот за набавка на 23 агрометеоролошки станици во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“.
Следната фаза е утврдување на локации за поставување на станиците во секоја општина имајќи предвид дека станиците треба да бидат поставени на отворена површина односно на самите земјоделски површини застапени со овие култури.

Вредноста на целиот проект за набавка на сите планирани 23 станици изнесува 5.077.785,- денари. Времетраењето на проектот е шест месеци, а финансиската поддршка за реализаџија доаѓа од Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Главна цел на попектот е подобруваое на условите за заштита на живоната средина преку воведување на современи технологии во земјоделството. За земјоделците тоа ќе значи олеснет пристап до информации за климатските промени во регионот каде се нивните посеви и правилно определување на мерки за третман и заштита на истите, а придобивките ќе бидат: заштитен род и подобрување на квалитетот на земјоделските производи од гевгелиското поднебје.

Сите податоци од агрометеоролошките станици земјоделците ќе можат да ги следат преку интернет, на компјутер, на својот мобилен телефон.


Last modified on Четврток, 14 Ноември 2019 - 13:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.