Топ Новости

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Петок, 15 Ноември 2019

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска администрација“, членови на Здружението на судска администрација на РСМ, Подружница Гевгелија реализираа едноипол часовен протест во просториите на Судот со стопирање на својата работа.

Тие денеска од 09:30 до 11 часот заедно, во една од судниците во Основниот суд во Гевгелија, се придружија на предупредувачкиот протест кој вчера го најавија од Здружението на судска администрација на РСМ и УПОЗ.
Тие најавија дека со нивниот денешен протест искажуваат револт од додатоците на плата кои им ги изгласал Судскиот Буџетски Совет за 09 и 10 месец од годината со покачување од 5% за судската администрација, а 10% за судиите. Исто така реагираат и за одбивањето на Судскиот Буџетски Совет за враќање на платите за време на штрајк, на дел од вработените во судските служби, а кои средства на претходни преговори и разговори помеѓу СБС и Синдикатот на УПОЗ и ЗСА биле обезбедени. Ова го изјави во име на членовите на Здружението на судска администрација - Подружница Гевгелија, Добрилка Проданова, вработена во Основен Суд Гевгелија.

На почетокот на овој месец Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација реагираа на, како што нагласија, апсурдната одлука на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата со кои судиите си поделија додатоци во износ од 6.000 до 9.000 денари, а за судските службеници само од 500 до 1.500 денари, како и за немањето желба да ги исплатат парите на сите учесници во штрајкот во 2016 година (судската полиција, помошно-техничкиот персонал, пензионираните работници и работниците преминати во друга организација).

Тоа создава значителна материјална дискрепанција меѓу вработените за трудот кој го одработуваат во Палатата на правдата во Гевгелија и велат дека на овој начин се создава непријатност и револт кај вравотените кои ги има 58 на број.

Проданова вели дека со денешниот нивен едноиполчасовен застој во работата упатуваат ПОРАКА до Судскиот Буџетски Совет да престане со донесување одлуки кои создаваат дополнителен раздор и раслојување меѓу вработените во судовите кое прераснува во недоверба помеѓу вработените судии и судската администрација.

Таа истакна дека Според Законот за судска служба на вработените им следува додаток на плата од исклучителни компонента, а со последното покачување тоа е незначително на просекот кој го добива еден „судски административец“.  Воедно посочи, дека нивниот денешен чин беше прифатен без никакви пречки од страна на останатите колеги, судиите и претседателката на Гевгелискиот Суд. 

- „Доколку бидеме игнорирани од страна на Судскиот буџетски совет, следната недела стапуваме во протест сите судови, а ќе размислуваме и за други начини на бојкот на работата, а последното решение на синдикатот секогаш е штрајкот”, истакнаа минатата недела од УПОЗ во врска со најавата на протестот.

За време на протестот службите во Основен Суд Гевгелија не работеа, освен итните работи: - изрекување Времена мерка; постаппки по предмети за семејно насилство; - предмет од кривичен прогон со итна природа. Сите други закажани судски предмети за денешниот ден беа пролонгирани за одржување после 11 часот.


Last modified on Петок, 15 Ноември 2019 - 18:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.