Топ Новости

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Сабота, 16 Ноември 2019

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање Гевгеличанец (02.08.1914 год.), а загинува во херојска борба за време на воените дејствија во НОБ на територијата на кичевското село Кленоец (6 октомври 1943 год.), вчера делегација од Месната заедница Кленоец ја посети Гевгелија.
Нивните домаќини, Општиинската организација на Сојузот на здруженијата на борците од Гевгелија и нивните поддржувачи денеска ги однесоа гостите на заеднички прием кај Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков.

Освен срдечно гостопримство, на средбата со претставниците од Кленоец, Кичевско и на општинското здружение на Сојузот на борците од НОВ во Гевгелија, присутните искажаа и заедничка грижа за одрживање на сеќавањата и почестите кон Народниот херој на Југославија - Јосиф Јосифовски со партизанско име Свештарот Ѓорче.

Секоја година членови на Сојузот на борците од Гевгелија на 6 октомври (денот на загинувањето на Ј.Ј. Свештарот), присутвуваат пред споменикот во Кленоец, за да му оддадат посебна почит на нивниот сограѓанин, народниот херој Јосиф Јосифоски-Свештарот. По тој повод гевгелиските борци имаат долгогодишна соработка со борците и месната заедница од Кленоец.
На средбата стана збор околу можностите за обнова на спомен обележјето на Гевгелискиот Народен херој кој загинал во овој крај на Македонија, кај кичевското село Кленоец, во борба против балистичките банди и германските сили. Во оваа борба загинале и повеќе од 70 партизани. Притоа, беше нагласено и значењето на овие заеднички средби, кои придонесуваат за зачувување на почитта кон народните херои и другите жртви од фашистичката окупација, кои се вградени во слободата на Македонија.

Локалните самоуправи секоја година одвојуваат средства за одржување на спомениците на културата, кои скромно и со низа одлагања се спроведуваат. Редно е ако се најде заедничкиот интерес меѓу општините Гевгелија и Кичево, ова спомен обележје да биде обновено, иако не е наведено во каква состојба е денеска и каква репарација е потребна за истиот. Но, првиот чекор е иницијатива, вториот расположението на локалните самоуправи да одвојат средства од општинските буџети за оваа намена, а боречките поклоници и поддржувачи на нивните дела да прокнижат една реализирана заедничка цел од долгогодишната соработка.

Јосиф Јосифовски - Свештарот е прогласен е за Народен херој на Југославија на 05.07.1951 година. Загина една година пред извојувањето на слободата на Народоноослободителните сили на просторот на нашата земја. Годинава одбележуваме 75 години од победата на фашизмот, 76 години од загинувањето на Свештарот, 68 години како е Народен херој на Југославија. Денес неговата Гевгелија и Кичевската локална заедница каде го положи својот живот му должат достојно спомен обејежје за неговата жртвувана младост. Јосиф Јосифовски загина на своја 29 годишна возраст.


Last modified on Сабота, 16 Ноември 2019 - 18:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.