Топ Новости

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Понеделник, 18 Ноември 2019

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица „Илинденска“ резултираше со собран отпад со вкупна тежина од 53,2 килограми. Реализатори на акцијата беа младите генерации 60-на ученици од Гевгелија и Јосифово кои со свој пример покажаа дека сакаат чиста животна средина, чиста Гевгелија. Акцијата беше во организација на здружението „ChangeMakers4all“, а со поддрка на ЈПКД „Комуналец“.

Поттик кај учесниците беше и натпреварувачкиот дел - кој ќе биде најуспешен во собран пластичен отпад. Резултатите за учесниците беа наградни, за жителите на улицата поразителни - во околината децата собраа над 50 килограми пластичен отпад, средина околу која поминуваат жителите на уицата и други кои ја користат улицата за поминување, посета, гостување. А, да не споменеме дека во близина има и детска градинка.

Еве ги резултатите:
Победници станаа учениците од Основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија кои собраа 18 килограми пластика. На второ место учениците од „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија со 15 килограми пластика, трето – „Страшо Пинџур“ од Јосифово со собрани (11,2 кг.), а на четврто – СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија со собрани 9 кг пластичен отпад.

Победничкиот тим ќе добие еднодневна екскурзија на Кожуф, а останатите учесници исто така ќе бидат скромно наградени со посети на други активности во организација на еколошкото здружение, објаснуваат од „ChangeMakers4all“.

Сиот отпад беше отстапен на гевгелиската компанија за отпад, а со средствата набавени дрвца за раззеленување на Гевгелија.
Децата сакаат чиста животна средина и заедно со своите професори организараа и презентација за рециклирање на отпадот. Но, само на 85-те учесници на акцијата. Другите останува да го следат, односно да го следиме примерот на овие еколошки свесни и ангажирани поединци од нашата заедница.

Фото: М.Д.

Last modified on Понеделник, 18 Ноември 2019 - 15:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.