Топ Новости

Гевгелиските средношколци освоија трето место во државата за „Најдобар бизнис концепт“

Четврток, 21 Ноември 2019

Четворочлениот тим средношколци составен од ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија: Душко Јанев, Дамјан Сепетовски, Никола Биков, Пепица Јованова, сите од IV година, и менторите Марија Танева и Јасмина Мицева минатата недела учествуваа на финалниот државен натпревар „Најдобар бизнис концепт“ и освоија трето место во конконкуренција на средни училишта од Македонија.

Проектот што тие го претставија пред седумчленото стручно жири е „Solar Bag for Future“ (SBF) и истиот беше изработен до 4 ноември кога беше крајниот рок за апликација на овој креативен натпревар на државно ниво.

Натпреварот се одвиваше на англиски јазик. Гевгелискиот тим успешно го претстави својот проект и се избори за полуфиналето кое се одржа на 9 ноември во Амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, во конкуренција на 16 полуфиналисти од Македонските средни училишта.
Финалето се одржа минатата среда, на 13 ноември, но од СОУ „Јосиф Јосифовски“ се пофалија со честитки до тимот на „SBF“ за освоеното третоместо, дури завчера.
Во финалната конкуренција учество зедоа 8 тима, а истиот се одржа во Хотел Мериот каде се презентираа проектите на финалистите:

- “API” Air Therapy
- Biobox
- 1CLICK
- FADL
- PortComSign (Portable Communication through Sign)
- SBF – „Solar bag for future“ од Гевгелија
- SunnyScreen
- Voices
Првото место го освои тимот „Voices“ од Средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ од Скопје со нивната иновативна бизнис идеја за изработка на прибор за јадење од прехрамбени продукти.

Натпреварот беше во организација на повеќе институции: Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Бирото за развој на образование, Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) и главниот организатор на настанот, „Македонија 2025“. Сите чинители заедно го реализираат натпреварот „Најдобар бизнис концепт – 2019“ наменет за гимназиите и средните стручни училишта на територија на Република Северна Македонија, каде се изучуваат предметите Бизнис и претприемништво, Иновации и претприемништво, Економија, Менаџмент и слични предмети во III и IV година.

Им честитаме на нашите ученици - носители на третото место на државно ниво во развохј на бизнис концепт и им посакуваме понатамошен успех во реализацијата на своите бизнис идеи.


Last modified on Четврток, 21 Ноември 2019 - 04:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.