Топ Новости

Со 18 капитални проекти општина Гевгелија го трасира развојот за следната 2020 година

Недела, 24 Ноември 2019

Програмата за развој на општина Гевгелија за 2020 година се состои од 18 развојни потпрограми кои се поделени во 9 програми, а во кои се опфатени сите поголеми проекти кои општината планира да ги реализира во годината која претстои.

Програмата за развој е веќе одобрена од Советот на општината и сите наведени капитални зафати се предвидени во Буџетот на општината за 2020 година.

Најмногу плански зафати (6- шест) се планирани во програмата за уредување на градежно земјиште и тоа: Регулација на коритото на Сува река, регулација на дел од коритото на Серменинска река, на одводниот канал Рауљ, примарна и сeкундарна сообраќајна мрежа за мултинaменски комплекс „Милци“, за гасификација на Општина Гевгелија и изградба на градски плоштад.

Во Програмата (ЈД) за изградба на општински патишта и улици планирани се три капитални зафати: изградба на заобиколен пат околу Гевгелија Јужен Булевар, Довршување на патот Ново Конско - село Ума и трето, продолжувањњ на Булевар „Гевгелија“ со изградба на улица „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија.

Изградба на катна гаража е проектот кој е предвиден во програмата ЈЕ - „Катна гаража, уредени постоечки паркинг простори и нови паркиралишта за граѓаните (ЈЕА).

Системот за водоснабдување и одведување на отпадни води, кој е под надлежност на ЈПКД „Комуналец“ инвестиционо подлежи на Општина Гевгелија и оснивачот Советот на општината. Во текот на 2020 година од оваа област предвидени се четири проекти: реконструкција на водоводната мрежа со замена на азбесните цевки како во Гевгелија така и во населените места, од програмата ЈГ наменета за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето. Во програмата за Изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води планиран е проект за изградба на „Атмосферска канализациона мрежа“ и изградба на Пречистителна станица за отпадни води од селата Негорци, Негорски Бањи, Прдејци и индустриските зони „Блокотехна“ и ТРЗ „Прдејци“.

Изградбата на Нов градски парк која е исто дел од планот за развој на Општината за 2020 година е веќе сместен со измените на ДУП-от и одобрен од Министерството за транспорт и врски, а буџетското вклопуваање само ќе придонесе за негова конечна реализација.

Капитални трошоци се предвидени и во областа на спортот и културата, и се вклопени во планот 2020 со изградба на „Мултимедијален културен центар“ и „Спортски-рекреативен комплекс со базен“. Овие две ставки се пренесени од планит за развој за 2019 во Планот за развој за 2020 година.

Иако годинава имаше низа вложувања, санации и реновирања, со обновени столарии, простории и ентериер во Детските градинки, сепак за потребите на згрижување на најмладата генерација на наши жители и растеретување на групите за престој на деца во детските установи, предвидено е изградба на нова детска градинка во Гевгелија.

Планот за развој беше предмет на расправа на 35-та редовна седница на Советот на општината на предлог на градоначалникот на општината, Сашо Поцков, а за него позитивно се изјаснија мнозинството советници.


Last modified on Недела, 24 Ноември 2019 - 13:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.