Топ Новости

Поцков: Се гради пат до времената депонија, водовод и електрична линија

Вторник, 26 Ноември 2019

Еколошката современа санитарна депонија изградена со јапонски грант од УНДП во вредност од 1,1 милион евра треба да добие пристапен пат до крајот на годината. Ова го најавуваат од општина Гевгелија кои почетокот на градежноте работи ги најавија и започнаа во текот на овој месец.
Изведбените работи се на потегот од крстосницата кај Ново Конско до Времената депонија што се наоѓа во непосредна близина во планински „џеб“ на Кожуф планина. Со тоа се обезбедува сообраќајна комуникација со Времената депонија каде треба да се депонира отпадот од цела општина, а сегашната депонија кај Сува река да се рехабилитира како простор и земјиште во чиста средина.
Со изградбата на патот се обезбедуваат услови за профункционирање на Времената депонија, која ќе функционира до изградбата на Регионалната депонија во Добрашинци, кај Струмица, по што Времената депонија кај Конско ќе се трансформира во транспортен центар за депониран отпад.

- „За нормално профункционирање на Времената депонија беа неопходни три предуслови – изградба на приоден пат, обезбедување на електрична струја и водоводна линија. Со доделениот грант од 140.000 евра од Меѓународната организација за мигранти (ИОМ) ќе биде изграден патот до депонијата, во должина од 1,8 км, и тоа, до фаза на тампонирање. ЈПКД„Комуналец“ ќе изгради водоводна линија до самата депонија, а општина Гевгелија треба да обезбеди електрично напојување. За таа цел, се направени сите подготовки и наскоро ќе биде распишан тендер за обезбедување на електрична енергија. Тргнувајќи од определбата општина Гевгелија да ги користи енергетските придобивки, одлучивме Времената депонија да обезбедува електрична енергија од сончеви колектори. Наскоро се очекува да биде распишан тендер за набавка и инсталирање на потребната опрема“, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, по обиколката на патот до Времената депонија.

Се очекува патот да биде готов до крајот на годината, а водоводната линија и електричната енергија по пат на сончеви колектори да бидат обезбедени на почетокот од годината. Оттука и предвидувањата Времената депонија на почетокот од март идната година целосно да профункционира.


Last modified on Вторник, 26 Ноември 2019 - 18:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.