Топ Новости

Гасификацијата и водоснабдувањето клучни точки на денешната 36-та седница на Советот на општината

Четврток, 28 Ноември 2019

Енергетските и водоснавдителните компоненти од надлежностите на локалната самоуправа денес ќе се најдат на дневен ред на 36-та закажана редовна сеница на Советот на општина Гевгелија, која започнува во 11 часот.
Меѓу 19 точки кои го сочинуваат дневниот ред се и осум точки од сферата на образованието, за престанок на мандатот на членовите на управните одбори во училиштата со стапувањето во сила на новиот Закон за образование.

Во однос на гасификацијата советот ќе треба да се изјасни за давање приоритет на проектот за изработка на техничка документација за Секундарна мрежа за гасификација на општина Гевгелија. Проектот има вредност од 1.667.886 денари, или 27.120 евра.

Целиот износ на средствата ќе бидат обезбедени преку Европските фондови, со поддршка на УНДП и Швајцарската амбасада кои деновиве отворија јавен повик наменет за мотивирање на општините за подобрување на инфраструктурните погодности за жителите од Општината, пред се' патната инфраструктура, социјалната инфраструктура, како и проекти поврзани со животната средина, влијанието на климатските промени и заштита на водените ресурси.

Гевгелија е со намера да ја фаворизира изградбата на гасоводната мрежа како енергенс кој е економичен како за употреба во домаќинствата, така и економски исплатлив за примена во индустријата. Изработката на проект за гасификација ќе биде чекор наред во можноста за апликација кон Европските фондови за изградба на гасовод и достапноста на економичниот енергенс до домаќинствата и производните погони.
Се очекува Советот на утрешната седница да го одобри приоритетниот третман на овој проект со цел подготовка на техничката документација за реализација на истиот и конкурирање за одобрување на средства од фондот на УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) во рамките на спроведувањето на проектниот план „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Покрај ова, од сферата на водоснабдувањето на дневен ред на утрешната седница се и финансиските извештаи на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија за периодот 01.01.2019 до 30.09.2019, со посебен осврт на третото тромесечје од годината, потоа одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените (предлог на УО е бодот да изнесува 45 денари), информација за хортикултурното уредување во Општината и превземање на два селски водовода (с. Конско и с. Ново Конско) на стопанисување од страна на „Комуналец“.
На седницата ќе се расправа и по две точки од сферата на социјалната заштита во Општината.

 

Last modified on Четврток, 28 Ноември 2019 - 12:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.