Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во Гевгелија

Петок, 29 Ноември 2019

Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред ЕУ фондовите за финансирање на истата од меѓународни грант-линии, а пред изведба се уште два капитални потези за урбанистичко-комуналните подобрувања на општина Гевгелија.

Општина Гевгелија со Одлука на Советот, подготвува апликација на јавниот повик за изработка на техничка документација што го објавија Министерството за локална самоуправа и УНДП со проектот за изработка на Студија за секундарна гасификациона мрежа.
Оваа одлука Советот на општина Гевгелија ја донесе на последната 36-та седница одржана вчера на 28 ноември. Изработката на проектно-техничка документација за секундарна гасификациона мрежа во општина Гевгелија се наметна по средбата со претставниците на Националното биро за гасификација, кое во рамките на националната програма за приклучување на општините Гевгелија, Богданци и Демир Капија на јужниот крак од соседна Грција, веќе изработува проект за примарна гасификација, односно донесување на гасот до примарната станица кај Гевгелија.
- „Наша обврска како Општина е да изработиме проект за секундарната мрежа поради што и се одлучивме да аплицираме со овој проект“, информираше градоначалникот Сашо Поцков на седницата на Советот на општината.

На истата седница советниците позитивно се изјаснија за проектите од областа на водоснабдувањето, со што донесоа одлука за кофинансирање на проектите за изградба на водоводна мрежа во станбената населба „Караорман“ и на атмосферска канализација на улица „Индустриска“ во Гевгелија. И двата проекти се реализираат со грантови од Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП за успешно реализираните проекти за изградба на нов водоснабдителен систем и доградба на училниците во СОУ„Јосиф Јосифовски“, за кои беа користени заеми од Светска банка.
Изградбата на водоводната мрежа во населбата Караорман ќе чини 4.173.571 денари, а општина Гевгелија треба да обезбеди 327.605 денари. За изградба на атмосферска канализација на улица „Индустриска“ на тендерот е постигната цена од 1.735.016 денари, од кои општината треба да обезбеди 1.293.230 денари. Од Општината наведуваат дека изградбата и на двата проекти наскоро започнува.


Last modified on Петок, 29 Ноември 2019 - 16:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.