Топ Новости

Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“

Петок, 29 Ноември 2019

Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија.

По првата награда по математика за 7-мо одделенецот Илија Иванов и третата награда по биологија за 7-мо одделенката Софија Иванова, на третиот натпреварувачки циклус од натпреварувачката манифестацја „Месец на науката 2019“ ученичката Јована Ѓореска VIII одд. освои трета награда по предметот физика.

Taa пред стручното жири го презентираше својот проект „Раздвојување при летање“ со примена на научни докази базирани на Третиот Њутнов Закон за влијанието на телата при акција и нуспојавата како реакција. Демонстрираше летање на ракета која се вивнува горе, а потрошениот погонски дел се одвојува и се враќа назад во спротивен правец од ракетата. Ова беше експериментален приказ дека за секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција (сила со иста јачина и спротивна насока).

За својата презентација таа доби солиден број поени и трет пласман по знаење од областа на физиката на „Месецот на науката“ одржан во Скопје во просториите на Природно математичкиот Факултет, во текот на вчерашниот ден.

За освоеното трето место во конкуренција на ученици од основните училишта од државата, Јована доби Диплома и подарок книга „Практикум по физика“. Диплома за успешно менторство доби и наставничката-ментор на Јована, Билјана Иванова.

Во групата учесници на натпреварот по физика за основни училишта Гевгелија беше претставена со четири член тим на ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ кои имаа подготвено презентации за три свои проектни-експерименти. Со диплома се врати само Јована и нејзината менторка.

Им честитаме за освоената награда, им честитаме на сите учесници и им посакуваме потстрек за нови знаења и нови награди во животот.

„Честитки до Јована, до сите учесници и нивните ментори. Многу успеси и понатаму“ порачаа со гордост од управата и колегиумот на ООУ „Крсте Мисирков“.


Last modified on Петок, 29 Ноември 2019 - 20:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.