Топ Новости

Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија

Понеделник, 02 Декември 2019

Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за две кривни дела „разбојништво“ и за „недозволено држење огнено оружје“. За првото дело доби 10 години а за второто четири, или единствена казна во траење од 13 години затвор.

Петочлениот судски совет при Основен суд Велес, со кој претседаваше судијата Бојанчо Донев го прогласи за виновен Кечев за настанот кој се случи на 9-ти јануари годинава во Гевгелија, во електронското казино „Магнум“ кога под закана по живот на вработените, со пушка која нелегално ја поседувал извршил разбојништво.

Според обвинението Кечев, маскиран со шал преку лицето, од задниот спореден влез влегол во казиното, потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место, давајќи му знак со оружјето да се оддалечи. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата и го напуштил просторот. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале во касата во вкупен износ од 207 илјади денари и го напуштил казиното.

Судот одлуката да го прогласи виновен Кечев ја темели на биолошките докази, ДНК најдена на ловечката пушка, марка „чешка збројевка“, а која се поклопува со таа на обвинетиот. Пушката е најдена во вреќа утрото кога бил уапсен на 22 февруари при бегство по нивите во околината на Мрзенци.

Оваа пушка двајцата сведоци од разбојништвото ја препознаа дека со неа маскираниот разбојник, им се заканувал. Згора на тоа со исто такво оружје, обвинетиот е снимен, како маскиран врши тешка кражба во маркет во Негорци, а пресудата за тоа дело е правосилна. Кечев не признава дека тој е сторител.

- „Пиштол сум имал, но пушка никогаш. Жртва сум на монтиран случај. Пушка и патроните на кои има мои отисоци, прв пат ги видов во полициската станица, кога ме уапсија и ми ги дадоа да ги држам, затоа има моја ДНК. Отсекогаш сум бил десна рака на полицијата и сум помагал. Направив беља, убив човек, но сфатив дека згрешив и се сменив, сега сум мирен, дваесет години поминав во затвор досега и се сменив“ - рече во своја одбрана Кечев. Оваа пресуда не е правосилна.

Истовремено, во Основен суд Гевгелија на Кечев му се судеше за продолжени кривично дело „тешка кражба“ при што според обвинението извел четири кражби во два стана и два маркети, за што доби две и пол години завор. Оваа пресуда е правосилна и извршна.


Автор и фотографија: Петар Печков
Извор: Велешки портал - Ти реков ми рече


Last modified on Понеделник, 02 Декември 2019 - 13:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.