Топ Новости

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Среда, 04 Декември 2019

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна хуманитарна манифестација „Новогодишен Базар“.

Среда 4-ти и четврток 5-ти декември, во просториите на Народниот театар во Гевгелија, во терминот од 12 до 18 часот ќе бидат изложени производи на продажба, а секој денар одвоен за нивно купување ќе бидат употребени хуманитарно за помош некому пред празниците на кого му е најпотребно. Се разбира, во договор со Центарот за социјални работи кои ја имаат социјалната карта на населението во Општината.

На „Новогодишен базар 2019“ ќе се продаваат домашно подготвени слатки и солени специјалитети и рачни изработки направени од децата. Сите собрани средства од продадените специјалитети и рачни изработка ќе бидат наменети за хуманитарни цели, а ваше е, на избор на читателите да се придружите со посета на манифестацијата и дадете свој прилог со купување на изложеното.

Оваа традиционална хумана манифестација, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, со години наназад е во организација на фондацијата „Аполонија“. Годинава ќе им се придружат и ученици во изработката на новогодишни украси и предмети за продажба од општинските основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“, како и средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“, потоа Дневнниот центар за лица со посебни потреби, Дневниот центар „Мајка Тереза“ и Факултетот за туризам и бизнис логистика, сите од Гевгелија.

Повелете, од 12 часот хуманоста е на распродажба, а вашиот хуман гест може да израдува некого. Купете и подарете човечност и новогодишна топлина која ќе згрее со љубов некое семејство од нашата заедница.

 

Last modified on Среда, 04 Декември 2019 - 12:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.